Вселената како диско
29 декември 2022
Реклама
Музејот Фолкванг доби подарок за Божиќ: светлосната инсталација „Пет планети“ на германскиот уметник Миша Кубал веќе неколку дена може да се погледне во музијот. Имињата на планетите Јупитер, Марс, Меркур, Сатурн и Венера се проектирани на диско кугли. Танцот на светлината може да предизвика вртоглавица кај посетителите - како да се во бестежинска состојба во вселената, велат во музејот Фолкванг во германскиот град Есен.