1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Земјата повторно се отвори – огнена лава на Исланд

23 ноември 2024

Вулкан на Исланд еруптираше по седми пат во последните 12 месеци. Луѓето го земаат тоа веќе со рутина, евакуирано е рибарско село.

Вулкан на Исланд
Вулкан на Исланд еруптираше по седми пат во последните 12 месециФотографија: Marco di Marco/AP/picture alliance

Вулканската пукнатина Сунднукагигар во близина на Гриндавик, за која се проценува дека е долга три километри,  исфрли огнена лава и чад во четвртокот. Евакуирано е блиското рибарско село Гриндавик. Лава се излеала и на паркингот на познатата термална бања Сина лагуна. Како што се гледа на сликите во исландските медиуми, портокалово-црната маса го покрила целиот паркинг за 350 автомобили на најпознатата туристичка атракција во земјата. Зграда во термалниот комплекс исто така била покриена со лава, но базените со топла вода на лагуната биле заштитени со ѕид. Ова е седма вулканска ерупција на полуостровот од декември минатата година.


     

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми