Зимско патување низ времето
19 јануари 2024Реклама
Како зимска разгледница од минатото: Планинскиот венец Харц е една од најпопуларните дестинации за излети во Германија. Една од причините е историската железница Брокен. Патувањето со возот со парна локомотива низ недопрената природа се незаборавна авантура за туристите. Дури и актуелното остро зимско време не го спречува возот да ита кон највисокиот планински врв во северниот дел на Германија - Брокен. Од овој врв во планининскиот венец Харц висок 1.141 метар има фасцинантен поглед на околниот национален парк.