1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
СпортФранција

Златен олимписки медал за контроверзната боксерка Келиф

10 август 2024

Алжирската боксерка Имане Келиф е олимписка победничка во бокс за жени во категорија до 66 килограми. Таа им пркосеше на контроверзите околу нејзиниот пол и во финалето ја совлада на поени Јанг Лиу од Кина.

Златен олимписки медал за контроверзната боксерка Келиф
Златен олимписки медал за контроверзната боксерка Имане Келиф од АлжирФотографија: Maja Hitij/Getty Images

25-годишната боксерка ја одбележа најголемата победа во својата кариера со голема прослава на трибините во Париз, каде што беа присутни многу нејзини сонародници.  Имане Келиф  е прва боксерка од Алжир со олимписко злато.

„Јас сум жена како и секоја друга жена. Живеам како жена, се натпреварувам како жена, околу тоа не треба да постои сомнеж ", изјави Келиф по победата.

Келиф е една од двете боксерки на Олимпијадата во Париз, заедно со Лин Ју во категоријата до 57 килограми, кои добија забрана за настап од Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) откако двете паднаа на тест за пол направен од ИБА.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми