1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Ѕвездена поддршка

СН/агенции
11 септември 2024

Нејзиниот збор има голема тежина кај милионите обожуватели. Американската музичка мегаѕвезда Тејлор Свифт, непосредно по ТВ-дуелот меѓу претседателските кандидати Харис и Трамп го вети својот глас за Харис.

BdTD | USA Taylor Swift Posting zu Kamala Harris
Фотографија: Pedro Ugarte/AFP

Американската музичарка Тејлор Свифт ја поддржа демократската потпретседателка Камала Харис доцна во вторникот по телевизиската претседателска дебата меѓу Харис и републиканскиот поранешен претседател Доналд Трамп.

Во објава на Инстаграм, Свифт рече дека ќе гласа за потпретседателката на САД, на изборите во САД на 5 ноември, за кои анкетите покажуваат дека ќе бидат многу неизвесни.

Објавата на Тејлор Свифт вклучуваше слика на пејачката со мачка, а нејзината изјава беше потпишана како „љубителка на мачки без деца“, како очигледна алузија на забелешките кои претходно ги изнесе кандидатот за потпретседател на Трамп, Џеј Ди Венс. Венс претходно во едно интервју ги опиша водечките демократи како „куп љубители на мачки без деца“.

„Ќе гласам за Камала Харис и за Тим Валц на претседателските избори во 2024 година. Гласам за @kamalaharris бидејќи таа се бори за правата и работите за кои верувам дека треба да ги брани воин“, рече Свифт во својата објава. Свифт ја нарече Харис „стабилна, надарена лидерка“ „Верувам дека можеме да постигнеме многу повеќе во оваа земја ако нè води мирот, а не хаосот“, напиша таа.

Камала Харис има голема поддршка во индустријата за забава. Многу холивудски актери, продуценти и режисери ја поддржаа, велејќи дека го гледаат Харис, која е родена во Калифорнија, како свој кандидат.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми