1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоФранција

Франција и проблемот со полициското насилство

Јулија Борута
30 јуни 2023

Тешки судири во Франција по застрелувањето на 17-годишник во Нантер. Кои се причините за полициското насилство и што е овој пат различно?

Франција протести полициско насилство
„Правда за Нахил“, стои на транспарентите на демонстрантите против полициско насилство во ПаризФотографија: Aurelien Morissard/Xinhua/IMAGO

Смртта на Нахел не е изолиран трагичен случај. Во Франција со децении наназад доаѓа до судири меѓу полицијата и во многу случаи мажи со миграциска позадина. Претседателот на „Лигата за човекови права”, Хенри Леклерк, воопшто не е зачуден од најновите насилни инциденти во Нантер и други градови со вкупно 170 повредени полицајци и 180 уапсени лица. „Младите луѓе од овие запоставени квартови се чувствуваат братски поврзани со мртвиот, таму владее солидарност”, вели Леклерк. 

Полицискиот синдикат со критика

Таков дух на заедништво владее и меѓу полицајците. Разни синдикатиги критикуваа претседателот Макрон и премиерката Борн за нивните реакции. Макрон рече дека смртта на момчето е „необјаснива и непростлива”, а Борн изјави дека постапувањето на полицаецот кој пукал „очигледно не е во склад со прописите”. Од синдикатите сметаат дека нивниот колега така е однапред осуден. Социологот Фабиен Жобар од институтот „ЦРНС” критиката ја смета за дволична и вели дека „полициските синдикати, а пред сѐ ‘Алијанс’, при вакви инциденти самите ги шират сите можни детали кои одат на товар на жртвата и ги повредуваат сите правила за заштита на малолетници и презумпцијата на невиност”. 

Насилни демонстранти палеа автомобили, барикади, објекти и се судрија со полицијата и во БордоФотографија: Philippe Lopez/AFP/Getty Images

Што е различно овој пат?

Новост е тоа што овој пат има јаз меѓу реакцијата на државниот врв и на синдикатот на полицијата. Министерот за внатрешни работи и претседателот го осудуваат дивеењето во градските квартови,но спонтаната, емоционална и недвосмислена реакција на Макрон и Борн би можела да биде пресудна, вели Фабиен Жобар. Социологот прави споредба на ситуацијата денес со она што се случуваше во 2005 година, кога загинаа двајца мажи, Зејд и Буна, откако гонети од полицијата се удрија во трансформатор. „Владата под водство на Саркози тогаш воопшто не се потруди да ја смири ситуацијата, напротив - дури властите дополнително ја загреваа атмосферата”, вели Жобар и потсетува дека тогаш полицијата провоцирала и сноси дел од одговорноста за избувнувањето на немирите, затоа што фрли солзавец на место каде што се молат муслимански верници. Тогаш беше прогласена вонредна состојба, нешто што за актуелниот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин не доаѓа предвид. На полициските сили тој им наредил да бидат воздржани, рече портпаролката на министерството Камил Шаиз за радиото „Франс интер”. 

„Тој повика на професионалност и строго да се држат до оваа насока, како и да ги вклучат своите камери”, рече Шаиз. 

Франција: терорист уби полицаец и неговата жена

01:13

This browser does not support the video element.

Законот на полицијата ù олеснува употреба на оружје

Спорно е дали ситуацијата ќе може да се држи под контрола. Полицијата за многу млади ја претставува омразената држава која речиси и да не им нуди перспектива. Полицијата често делува според расистички шаблони и по правило без правни последици. Законот им оди во прилог. По нападот во Ница од 2016 година, кога исламист со камион намерно удри во толпа при што загинаа повеќе од 80 лица, измените во законот им дозволуваат на полицајците да употребат оружје за да сопрат возило од кое произлегува закана за масакр. Неколку месеци подоцна, во 2017 година, законот беше заостреноткако двајца полицајци претрпеа тешки повреди по сообраќајна контрола. Законодавецот потклекна пред протестот на полицајците и синдикатите и дозволи полицајците да го користат огненото оружје доколку лицето што го контролираат не ги следи наредбите и во случај на бегство претставува опасност за други лица. Оттогаш употребата на огнено оружје е порасната за 50%, тврди социологот Жобар и се повикува на интерен извештај од генерална инспекција на националната полиција. 

Потребна реформа во обуката

Леклерк вели дека законите се едно, но фактичкиот проблем е обуката на полицијата. „Покрај тоа што смеат да научат како се ракува со оружје, тие мораат да научат каква одговорност сносат. Дали учат дека бранат човекови права? Тоа се важните прашања!”, потенцира Леклерк. И портпаролката на Министерството за внатрешни работи признава дека мора да се развие пристапот во таквите ангажмани и дека често нема време да се вежба интеракцијата меѓу повеќе полицајци при сообраќајни контроли. Во Франција обуката за полицаец трае една година, во Германија три. Освен тоа, од 2003 година веќе нема т.н.реонски полицајци во градските квартови откако тогашниот министер за внатрешни работи Саркози рече дека полицијата не треба да прави спортски настани со младината, туку да гони криминалци, што доведе до тоа да се формира јаз меѓу жителите во предградијата и полицијата. Во праведност веќе се нема доверба. 

Силно полициско присуство за справување со безредијата на протестите во ФранцијаФотографија: Gonzalo Fuentes/REUTERS

Продолжува ли спиралата на насилство?

Режисерот Матју Кадовиц, кој во својот филм „Омразата” од 2003 година го обработува насилството меѓу полицијата и жители на предградијата, во средата на социјалните медиуми пиша дека единствен начин да се прекине спиралата е „конечно да бидат казнети полицајците кои противправно убиваат”. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми