1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиФранција

Франција ќе ги повлече своите војници и амбасадорот од Нигер

ЖА
25 септември 2023

Тензиите меѓу двете земји растат: францускиот претседател Макрон најави целосно повлекување на трупите и амбасадорот од Нигер. Нигер пак го затвори воздушниот простор за француски авиони.

Во Нигер се стационирани околу 1500 француски војници
Во Нигер се стационирани околу 1500 француски војнициФотографија: Dominique Faget/AFP

Францускиот претседател Емануел Макрон најави завршување на француското воено присуство во Нигер. Воената соработка со западноафриканската земја ќе биде окончана и таму стационираните француски војници ќе си заминат до крајот на годинава, изјави Макрон во интервју за телевизите ТФ1 И Франс2.

Земјата со своите околу 25 милиони жители за Франција донеодамна беше важен партнер во антитерористичката борба во зоната Сахел. Во Нигер и во соседниот Чад моментално се стационирани околу 2500 француски војници.

На крајот на јули претседателската гарда преку воен пуч го собори од власт шефот на државата Мохамед Базум, а нов властодржец е командантот на елитната единица, генерал Абдураман Тиани, кој го суспендира уставниот поредок. Поранешната колонијална сила Франција не го признава  новото раководство во Нијамеј,  исто како што тоа не го прават ниту други западни и африкански држави.

Францускиот претседател Емануел Макрон најави повлекување на француските војници и амбасадорот од НигерФотографија: Geoffroy van der Hasselt/AFP

По воените пучеви Франција веќе мораше да ги повлече своите трупи од Мали и од Буркина Фасо, а Нигер се сметаше за последен сојузник на Западот во регионот.

И францускиот амбасадор Силвеин Ите треба да го напушти Нигер и да се врати во Франција, најави Макрон. Уште на крајот на август пучистите побараа дипломатот да замине од нивната земја,  на што Макрон во тоа време не се согласи.  Во средината на септември Макрон обвини дека францускиот амбасадор и неговиот персонал „се држат како заложници.“

Забрана за прелет за француски авиони

Воената влада на Нигер  во меѓувреме го затвори воздушниот простор на земјата за француски авиони, како што произлегува од соопштение објавено на веб страницата на Службата за безбедност на авионскиот сообраќај, АСЕЦНА. Нигерискиот воздушен простор е отворен за сите национални и интернационални комерцијални летови „со исклучок на француски авиони или авиони изнајмени од страна на Франција, вклучувајќи ја и авиокомпанијата Ер Франс“, се вели таму.

На прашање, Ер Франс соопшти дека авиокомпанијата и инаку веќе не лета преку Нигер – најважната авионска компанија за сообраќајот меѓу Европа и Африка од 7 август ги укина сите свои летови кон Нијамеј.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми