1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаФранција

Францускиот уставен совет ја одобри пензиската реформа

ЖА / агенции
14 април 2023

Клучниот проект на францускиот претседател – одење во пензија со 64 наместо со 62 години, во месеци ја бранува земјата. Уставниот совет денеска ги потврди нејзините суштински точки, но дали Макрон може да здивне?

Франција пензиска реформа
Со месеци во Франција се протестира против заминување во пензија со 64 наместо со 62 годиниФотографија: Sarah Meyssonnier/REUTERS

Контроверзната пензиска реформа на претседателот Емануел Макрон може да стапи во сила - Уставниот совет на Франција денеска (14.04.2023) оцени дека постепеното подигање на старосната граница од 62 на 64 години во својата суштина е уставно. За Макрон, тоа претставува успех по повеќемесечните кавги околу реформата на пензискиот систем, но одлуката може натамошнода ги подгреее масовните протести.

Претседателот Макрон и неговата центристичка влада со пензиската реформа имаат за цел спречување на заканувачката дупка во пензиската каса.

Полицијата се спремаше за акција во пресрет на одлуката на Францускиот уставен совет за пензиската реформаФотографија: Lafargue Raphael/ABACA/picture alliance

Според сегашните закони, старосната граница за заминување во пензија е 62 години, но фактички, оној кој не уплаќал доволно долго пензиски придонес, мора да работи во просек подолго или да се помири со процентуално кратење. Со 67 години се стекнува право на полна пензија, без оглед на годините навршени уплати во пензискиот фонд, што е предвидено така и да остане.

Оценувајќи ја пензиската реформа за брутална и неправедна, синдикатите од почетокот на годината редовно повикуваа на штрајкови и протести на кои учествуваа стотици илјади вработени. И во парламентот владата и опозицијата водеа жестоки битки. За да избегне заканувачки дебакл при изјаснувањето, владата во последна минута реши реформата да ја протне без финално гласање во националното собрание со повикување на посебен член од уставот. Левите и десничарските пратеници побараа испитување на уставноста на овој потег, посебно гневни што владата ја „спакува“ реформата во буџетски документ и го скрати времетраењето на парламентарната дебата.

Протестите против пензиската реформа на Макрон делумно прераснуваа во насилни судири со полицијатаФотографија: Ervin Shulku/ZUMA/picture alliance

Но врховните заштитници на францускиот устав тука не гледаат проблем, иако имаа забелешки на дел од одредбите кои го регулираат статусот на вработените со најдолг стаж во претпријатијата.  

Меѓутоа, дури и синдикатите да имаат желба да ја почитуваат одлуката на Уставниот совет, можни се натамошни протести против пензиската реформа, зачестено во форма на спонтани акции кои би преминувале во судири со полицијата и насилство, на чие чело би можеле да се најдат одделни порадикални групи. Уставниот совет го отфрли барањето за спроведување на референдум за пензиската реформа. 

Пензиската реформа ги извади Французите на улица

00:58

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми