1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГерманија

Фалсификувани луксузни часовници за македонскиот пазар

ЖА / агенции
2 декември 2022

Ако биле оригинални, запленетите часовници би чинеле 170 милиони евра. Пакетите со плагијати произведени во Кина во Германија стигнале преку Хонгконг.

Луксузни рачни часовници
Луксузни рачни часовнициФотографија: picture-alliance/dpa

Царинските службеници на аеродромот во Франкфурт заплениле 2164 луксузни часовници во пратка од Кина, кои на крајот на октомври, разделени во 12 пакети, од Хонгконг преку Франкфурт требало да стигнат во Северна Македонија, соопшти вчера (01.12.2022) царинската служба во метрополата на реката Мајна.

Засегнати се единаесет луксузни марки под сомневање за фалсификат. Оригиналните часвници би имале вредност од 170 милиони евра. 

Во лов на плагијати

02:49

This browser does not support the video element.

Производителите на оригиналните часовници во меѓувреме го потврдиле сомнежот, па  фалсификатите  се уништени.

„Често фалсификуваните часовници на прв поглед е тешко да се разликуваат од оригиналните“, изјави портпаролка на царинската служба од Франкфурт.

Во 2021 година, според наводи на Царинската служба, во Германија биле откриени 265.086 плагијати во вредност од околу 38 милиони евра. Околу 83 проценти од сите плагијати стигнале од Кина, покренати се вкупно 8958 прекршочни постапки. Најчесто се фалсификуваат часовници,  лекови,  мобилни телефони, компјутерска електроника, облека, козметика и детски играчки.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми