1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Галант со драстични зборови го предупреди Либан

СН/агенции
27 јуни 2024

Според министерот за одбрана, Израел претпочита дипломатско решение за конфликтот на израелско-либанската граница. Но, Јоав Галант предупреди дека израелската војска би можела да го врати Либан „назад во каменото доба“.

Јоав Галант вели дека Израел не сака војна со Хезболах
Јоав Галант вели дека Израел не сака војна со ХезболахФотографија: Susan Walsh/AP Photo/picture alliance

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече дека неговата земја не сака војна со Либан, но е подготвена да нанесе голема штета доколку дипломатските напори не успеат.

„Ние не сакаме војна, но се подготвуваме за секое сценарио“, им рече Галант на новинарите во САД за време на посетата на Вашингтон.

Хезболах многу добро разбира дека можеме да нанесеме огромна штета во Либан ако започне војна.“

„Назад во каменото доба“

Галант додаде дека војската на Израел е способна да го врати Либан „назад во каменото доба“ во потенцијална војна против групата поддржана од Иран.

Галант зборуваше додека беше на патување во Вашингтон. Администрацијата на Бајден постојано предупредуваше на ескалација на конфликтот во поширокиот регион.

Фокусот на меѓународната заедница е насочен кон границата меѓу Либан и Израел поради стравувањата од понатамошна ескалацијаФотографија: RABIH DAHER/AFP/Getty Images

Десетици илјади луѓе во северен Израел и јужен Либан мораа да ги напуштат своите домови додека борците на Хезболах поддржани од Иран и израелската војска разменуваат оган.

Во вторникот, Галант се состана со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, кој работеше на обезбедување дипломатски договор меѓу двете страни.

Германија ги повика германските државјани да го напуштат Либан

Во меѓувреме, германското Министерство за надворешни работи ги повика своите граѓани да го напуштат Либан поради тензичната ситуација на границата со Израел.

Натамошна ескалација би можела да го запре авионскиот сообраќај во Бејрут, соопшти Министерството за надворешни работи во најновите совети за патување.

„Тогаш повеќе нема да биде возможно да се напушти Либан по воздушен пат“, се вели во соопштението.

Министерството соопшти дека постои реален ризик од натамошна ескалација од редовната размена на оган што се одвива преку границата од 7 октомври.

Германските власти предупредија дека конфликтот може да ескалира по зголемените предупредувања од израелската влада.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми