1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Галопирачки скок на цените на храната

ДТЗ
8 август 2022

Поскапувањето на храната повлече раст на цените на сите останати услуги. Трошоците за електрична енергија на годишно ниво се зголемиле за 20,2 проценти, а транспортот скокнал за 24 проценти.

Supermärkte Supermarkt Einkaufswagen
Фотографија: picture-alliance/imageBROKER

Цената на храната и трошоците за живот вртоглаво растат. Тоа го потврдуваат и најновите пресметки на Државниот завод за статистика, кој за само еден месец утврдил зголемување на трошоците на 1,9 %, додека на годишно ниво забележана е инфлација од дури 16 проценти. 

Вртоглав пораст на цените има особено кај основните прехранбени артикли – лебот, млекото и млечните производи. Статистичарите укажуваат дека овие трошоци за една година се зголемиле дури за 24,3 проценти. На годишно ниво лебот и житата поскапеле за 36,5 проценти, месото за 21,4 проценти, масла и масти за 51,9 проценти, млеко, сирење и јајца за 23,5 проценти. Цените на шеќерот, мармаладот, чоколадото и кондиторските производи скокнале за 22,2 проценти, како и на кафето, чајот и какаото од 17,5 проценти.  

Секој месец нов ценовен шок 

За само еден месец  е забележан скок на цените кај лебот и житата за 4.8 %, сирењето и урдата за 4.5 %, млекото за 3.6 %, свежото и разладеното овошје за 2.9 %, виното за 2.5 %, месото за 1.8 %.

До небо се вивнати и цените на шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи и жестоките пијалаци кои во јули во споредба со јуни пораснале за 1.1 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.4 % и кафето, чајот и какаото за 0.2 %.

Поскапувањето на храната повлече раст на цените на сите останати услуги.Трошоците за електрична енергијана годишно ниво се зголемиле за 20,2 проценти, а транспортот поскапел за 24 проценти. Во јули, во споредба со претходниот месец, во екот на летната сезона, има поскапување и на туристичките аранжмани, услугите за сместување, рестораните, кафулињата и слично. 

Намалување на трошоците во јули, пак, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 6.4%, рибата и морските плодови за 1.8 % и маслото и маснотиите за 1.6 %.
 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми