1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиЛатвија

Нема руски гас и за Латвија

СН/агенции
30 јули 2022

Рускиот енергетски концерн Газпром целосно ја запре испораката на гас за уште една европска земја.

Постројка за складирање гас во Инкулканс, Латвија, на околу 40 километри од главниот град Рига (архивска слика)
Постројка за складирање гас во Инкулканс, Латвија, на околу 40 километри од главниот град Рига (архивска слика)Фотографија: Victor Lisitsyn/Russian Look/picture alliance

Рускиот Газпром соопшти дека го запрел снабдувањето со гас на соседна Латвија (Летонија), обвинувајќи ја за кршење на условите за набавка на гас.

Русија веќе ја запре испораката на гас за  повеќе земји од Европската унија- Полска, Бугарија, Финска, Холандија и за Данска, кои одбија да платат за гасот во согласност со одлуката на претседателот на Русија, Владимир Путин, со која се бара отворање на сметка во рубљи во руска банка.

Русија, исто така, ја запре продажбата на гас за компанијата Шел во Германија.

Снабдување со нафта и гас: Кои земји би можеле да ја заменат Русија?

02:18

This browser does not support the video element.

Повеќе: Криза со гас и апели за штедење: Не е доволно само туширање со поладна вода

Газпром во соопштението не прецизираше кои услови за повлекување на гасот, наводно, ги прекршила Латвија. Потегот на Газпром доаѓа еден ден откако латвиската енергентска компанија Латвијас Газе, соопшти дека купува гас од Русија и оти плаќа во евра, а не во рубљи кои се неопходни за трговија со Газпром.

Портпаролот на компанијата меѓутоа, во петокот рече дека компанијата купува гас од Русија, но не и од Газпром. Тој не сакаше да го именува својот снабдувач, повикувајќи се на деловна доверливост.


 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми