1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаРусија

Газпром пријави добивка од десетици милијарди евра

ЕМФ | агенции
31 август 2022

Рускиот концерн „Газпром“ за првата половина од годинава пријави добивка од десетици милијарди евра. Од тоа треба да профитира и буџетот на Русија.

Symbolbild Gas Logo Gazprom
Фотографија: Olga Maltseva/AFP/Getty Images

Драстично зголемените цени на гасот и нафтата ја зголемија значително добивката на рускиот концерн „Газпром“ во првата половина од оваа година. Според наводи на концернот, во првите шест месеци од годинава е остварена рекордна добивка од 2,5 билиони рубљи (околу 41,63 милијарди евра). Тоа е повеќе од оствареното во целата 2021 година, која со добивка од 27,5 милијарди евра се сметаше за дотогаш рекордна.

Десет милијарди за буџетот

Акционерите сега треба првпат да добијат меѓудивиденда. „Газпором“ има намера за првата половина од годината да исплати по 51,03 рубљи за сертификат за акција, односно за тоа ќе отидат околу 20 милијарди евра. Половината од тоа ќе се влее во буџетот на државата, која има удел од 50% во „Газпром“.

Енергетскиот концерн во мај годинава го одложи исплаќањето дивиденда за изминатата 2021 година. Првично се планираше на акционерите да им бидат исплатени по 52,53 рубљи по акција.

По најавата за дивидендите, акциите на „Газпром“ вчеравечер (30.08) во тргувањето во Москва пораснаа за повеќе од седум отсто. „Газпром“ во изминатите неколку недели ја ограничи испораката на гас за Германија преку гасоводот „Северен тек 1“ на 20 проценти од можниот обем на испорака, наведувајќи технички причини за ваквиот чекор. Низ гасоводот Северен тек 1 од денеска воопшто не тече гас, бидејќи, како што велат од компанијата, треба да се спроведат мерки на поправка и одржување во траење од три дена. Набљудувачите стравуваат дека „Газпром“ потоа нема да продолжи со испораки на гасза Германија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми