1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Генерал Хоџис: Украинците ќе се обидат да го повратат Крим

БГ
7 април 2023

Контраофанзивата на украинските сили ќе биде насочена кон ослободување на Крим, а потоа и на регионот на Донбас, прогнозира во интервју за ДВ, поранешниот командант на американските трупи во Европа, генералот Бен Хоџис.

Бен Хоџис
Поранешниот командант на американските трупи во Европа, генералот Бен Хоџис.Фотографија: DW

Одлучувачката битка за Украина ќе се води во Крим, вели американскиот генерал Бен Хоџис во интервју за ДВ. Тој очекува украинската контраофанзива да биде насочена токму кон полуостровот кој беше анектиран од Русија во 2014 година.

„Крим е решавачки терен. Можете да ги убиете сите руски војници во радиус од 200 километри од Бахмут, но тоа нема да го промени стратешкото опкружување“, вели Хоџис.

„Но, доколку го ослободите Крим, тоа менува сѐ. Затоа, контраофанзивата ќе биде насочена кон ослободување на Крим, а потоа и на остатокот на Донбас, што ќе дојде подоцна“, смета генералот. 

Хоџис оценува дека одлуката на Украина да продолжи да се бори за градот Бахмут, и покрај тешката позиција, е исправна.

„Битката за Бахмут е многу скапа, но и многу неопходна. Генералштабот успеа да ги сопре руските трупи во Бахмут, да ги искрвари, и да ги натера да потрошат многу ресурси без притоа Украина да мора да ги искористи своите оклопни сили во Бахмут. Тие ќе им бидат потребни кога ќе ја започнат контраофанзивата“. 

Украински војници во БахмутФотографија: Muhammed Enes Yildirim/AA/picture alliance

Американскиот генерал смета дека украинската армија е добро подготвена за следните предизвици и очекува да им зададат одлучувачки удар на руските трупи кои, вели тој, се „на точка на прекршување“. 

„Особено нивниот логистички систем, каде гледаме многу омраза и ривалство меѓу лидерите на руска страна. Доколку овој напад започне да добива на сила и навлезе десетици километри низ руските одбрани, мислам дека тоа ќе има психолошки ефект и врз другите руски трупи, како и врз Кремљ“, проценува Хоџис. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми