1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Генерално собрание на ОН: Заседание во состојба на тревога

АРД
24 септември 2024

Повеќе од 142 шефови на држави или на влади, последен голем настап на американскиот претседател Бајден и украинскиот „план за победа“: Во сенка на големи кризи, започнува генаралната дебата на Генералното собрание на ОН.

Американскиот претседател Џо Бајден се обраќа пред Генералното собрание на ОН за време на 76. заседание во 2021 година
Американскиот претседател Џо Бајден се обраќа пред Генералното собрание на ОН за време на 76. заседание во 2021 годинаФотографија: Timothy A. Clary/AP/picture alliance

Заштитата на гостите и њујоршката населба преставува голем предизвик и за безбедносните сили. Тие се потпираат на дронови, имаат повеќе персонал и 1.200 камери на улиците. Професионална напрегнатост кај специјалниот агент Патрик Фрејн од американската Тајна служба: „Повеќе од 142 шефови на држави или на влади од целиот свет доаѓаат одеднаш во Њујорк. Едноставно кажано, ова е најголемиот годишен собир на шефови на држави или на влади на планетата“.

Генералната дебата на годишното заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации- на која зборуваат претставници на сите 193 членки - традиционално го отвора генералниот секретар на ОН. Со оглед на војните и кршењето на меѓународното право, актуелниот претседател Антонио Гутереш деновиве нагласува: Светот сè уште има во свои раце да спречи трета светска војна. Главниот дипломат на ОН е во постојана тревога. Списокот на кризи, хуманитарни катастрофи и војни е долг: вклучувајќи ги Судан, Украина и Газа. Многумина се загрижени од „голем пожар“ на Блискиот Исток поради ескалацијата на насилството меѓу Израел и проиранската милиција Хезболах во Либан.

Растечката ескалација меѓу Израел и Хезболах влева дополнителна загриженост меѓу членките на ОНФотографија: Aziz Taher/REUTERS

Топ тема: „Планот за победа“ на Зеленски

Еден од највисоките германски дипломати во Њујорк е Ахим Штајнер. Тој ја предводи програмата за развојна помош на ОН. И покрај сите критики кон Обединетите нации со нивните понекогаш ригидни структури и блокираниот Совет за безбедност, тој вели: „Она што не треба да се потцени е дека деновиве овде во Њујорк се одржуваат стотици состаноци“. Билатералниот аспект е особено важен. Генералното собрание е симболот дека „сè уште, имено, постои ова место во кое секоја земја има право да зборува“.

Во раните попладневни часови по средноевропско време обраќање  пред Генералното собрание на ОН ќе има американскиот претседател Џо Бајден. За последен пат во оваа улога, на оваа светска сцена. Неговиот фокус најверојатно ќе биде на меѓународната соработка. Пред да се повлече на разговори со различни шефови на држави или на влади. Една од нивните топ теми: најавениот украински „план за победа“ за ставање крај на војната со Русија. Германскиот канцелар Олаф Шолц разговараше за ова со украинскиот претседател Володимир Зеленски уште пред да замине за Њујорк.

Украинскиот претседател Зеленски ќе го претстави својот „план за победа“ во Советот за безбедност и во Генералното собрание на ОНФотографија: Yomiuri Shimbun via AP Images/picture alliance

Шолц: „Нема укинување на далекусежни ограничувања“

Германија се залага за дополнителна финансиска помош за Киев, потврди Шолц пред новинарите, но повторно го отфрли оружјето со поголем дострел и објасни дека „во нашата поддршка секогаш сме многу фокусирани на она што навистина помага и што е неопходно“. Беа донесени „неколку одлуки“ кои ,како што рече, за него биле многу јасни. „Ова значи и дека Германија нема да укине никакви далекусежни ограничувања“. Тоа, рече канцеларот, не е во согласност со неговиот личен став.

Зеленски ќе го претстави својот план во Советот за безбедност и во Генералното собрание. Покрај Украина, тема на многу дискусии е и војната во Газа. Поради бројните цивилни жртви во Газа, поради заложниците во рацете на Хамас. Своето присуство го најавија палестинскиот претседател Махмуд Абас и иранскиот претседател Масуд Песешкијан; не е јасно, пак, дали израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху навистина ќе дојде во Њујорк.

Германскиот канцелар Олаф Шолц имаше обраќање пред Генералното собрание на ОН за време на „Самитот за иднината“ на 22 септември, 2024Фотографија: Frank Franklin II/AP Photo/picture alliance

Полицијата очекува протести

Поради војната во Газа, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел минатиот октомври, безбедносните служби во Њујорк очекуваат и засилени протести, истакна Џон Чел од Полициската служба на Њујорк: „Она што се промени оваа година во споредба со минатата година е се разбира, 7 октомври. Оттогаш моравме да се справиме со повеќе од 4.000 протести овде“. Тоа, според Чеп, ја променило и динамиката на Генералното собрание на ОН.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок отпатува за Њујорк и таму има густа агенда. Во понеделникот вечерта таа се сретна со министрите за надворешни работи на Г7; потоа и претстои средба со нејзиниот колега Ванг Ји од Кина - пред 9 часот по њујоршко време да започне заседаниото на Генералното собрание на ОН.

Авторка: Шарлот Вос, АРД Њујорк

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми