1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Герхард Шредер нема да биде исфрлен од СПД

ЖА / агенции
8 август 2022

Бившиот германски канцелар Герхард Шредер смее да остане член во Социјалдемократската партија, реши Арбитражната комисија.

Gerhard Schröder
Фотографија: Christoph Soeder/dpa/picture alliance/dpa

Арбитражната комисија на партискиот огранок на Социјалдемократската партија од Хановер донесе одлука според која поранешниот германски канцелар Гернард  Шредер не мора да ја напушти партијата.

„Арбитражната комисија на партискиот огранок на СПД во Хановер смета дека Герхард Шредер не ги повредил партиските правила и не сноси вина за партиски прекршок“, стои во образложението. Против оваа одлука може да се поднесе приговор во рок од две недели, значи таа уште не дефинитивна.

Во СПД се водеа повеќе  постапки за исклучување на Герхард Шредер  од партиските редови, а причина во прв ред е неговата работа во служба на руските енергетски концерни. По престанокот на неговиот мандат како канцелар, Шредер од 2005 година е во Надзорниот одбор на гасоводот Северен тек, кој испорачува руски гас во Европа. Критиката против Шредер се засили по рускиот напад врз Украина на 24 февруари, поради неговата блискост со рускиот претседател Владимир Путин и негов ангажман во други руски концерни. Раководството на СПД по избувнувањето на војната во Украина го притиска поранешниот канцелар да се откаже од своите функции во руските енергетски претпријатија и да се дистанцира од Путин.

Во мај Герхард Шредер го напушти Надзорниот одбор на рускиот енергетски концерн Роснефт и објави дека не сака да биде номиниран за Надзорниот одбор на Газпром, но не се дистанцираше од Путин.

Шредер во меѓувреме со одлука на Комисијата за буџет во Бундестагот  ги загуби сите бенефиции  кои им следуваат на поранешните канцелари покрај законската пензија, за да можат да продолжат да ги извршуваат своите службени должности. На пример, држење предавања, преземање покровителство, одговарање на прашања од граѓаните. Ова вклучува и канцеларија во Бундестагот  со неколку соби и вработени, возачи, надомест на патни трошоци. Но, вработени во неговата канцеларија веќе нема. Тие во март  поднесоа оставка  и беа префрлени на други функции во парламентарното работење.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми