Германците од Британците учат „лов“ на руски подморници
27 октомври 2025
Од Лосимут, голема британска воздухопловна база во северна Шкотска, Борис Писториус полета на извидувачки лет над северниот Атлантик. Во авион од типот Боинг 737 на британските РАФ - Кралските воздухопловни сили, но со него управуваше германски пилот. Германскиот министер имаше прилика да види какоРуски подморниции сомнителните бродови може да бидат откриени со помош на многу сензитивни радарски и сонарни уреди. „Се спуштивме доста ниско, на околу 300 метри и можевме да видиме како бродови се лулаат на големи бранови“, раскажа на ДВ министерот кој беше полн со импресии по двочасовниот лет. Поморскиот извидувачки авион Посејдон – така гласи стручниот назив на сиво обоениот Боинг 737 без прозорци - првенствено е наменет за откривање на руски подморници чија најчеста рута е од пристаништето Мурманск воРусијадо северниот Атлантик. На пробниот лет не беше наведено дали се забележани подморници, но министерот можеше да види како сонарни сензори се пуштаат од страничниот дел на Боингот, со чија помош може да се регистрираат звуци на бродски мотори на повеќе километри оддалеченост.
Европејците мора да можат и сами
Германската морнарица треба да добие осум такви модерни летачки системи за извидување и надзор. Британските кралски воздухопловни сили, норвешката морнарица и американската морнарица веќе ги употребуваат таквите системи. Заедно овие земји-членки наНАТОод базите во Лосимут во Шкотска, Кефлавик во Исланд и Нордхолц воГерманија,ќе го надгледуваат северниот Атлантик и Балтичкото Море.
„Денес се договоривме дека екипажите на Кралските воздухопловни сили и германската морнарица во иднина заедно ќе трагаат по руски подморници. Европската безбедност и НАТО се штитат од Лосимут“, наведе британскиот министер за одбрана Џон Хили по разговорите со својот германски колега.
Според службеници на НАТО, движењето на руските подморници, делумно и на нуклеарен погон и вооружени со нуклеарни боеви глави, значително е зголемен во последните години. „Тоа е стратешка закана“, вели еден службеник, кој побара да остане анонимен. На подморници во мирнодопско време им е дозволено да пловат во меѓународни води. Тие немаат вградени транспондери, а и целата поента на таквото оружје е што нивната позиција е тешко да се утврди. Затоа НАТО воспостави мрежа на системи за надзор, чија основа се извидувачките авиони. Главната цел е да се утврди колку Русите се приближуваат до бреговите на земјите-членки на НАТО и дали притоа минуваат низ национални води. Во воени услови авионите П8 се способни и за борба против подморници, бидејќи можат да лансираат торпеда од британско производство.
Старата игра на мачка и глушец
Русија има слични и колку што е познато нешто постари системи за откривање на подморници на земјите членки на НАТО што пловат во северниот Атлантик или во Балтичкото Море. Како и во многу други воени подрачја, се работи за вечната „игра на мачка и глушец“ со постојани нови обиди за вооружување, вели еден службеник.
САД сè уште имаат свои ловци на подморници П-8 во Исланд. Останатите северноатлантски земји стравуваат дека САД може да го намалат бројот на овие единици. Европските членки на НАТО се свесни дека треба да преземат поголема улога. „НАТО мора да стане поевропски за да остане трансатлантски сојуз“, порача министерот за одбрана Борис Писториус во Лосимут. „Тоа е нашата порака до Доналд Трамп и до Владимир Путин подеднакво, но со различен акцент“, рече тој. На американскиот претседател со тоа треба да му се даде до знаење дека Европејците преземаат поголема одговорност, а на рускиот претседател дека НАТО секогаш може да ги пронајде неговите бродови. По пробниот лет, министерот за одбрана Писториус нагласи дека не станува збор само за руски подморници. Може да се лоцираат и карго бродови, танкери и рибарски чамци што се приближуваат до подморнички кабли, гасоводи или крајбрежни ветерни електрани.
Широка воена соработка меѓу Лондон и Берлин
„Станува збор и за критичната инфраструктура, за следење на сомнителни бродови. Денес во авионот видов многу опипливо колку е висока резолуцијата и каков е квалитетот на овие уреди. Во таа смисла тоа не е нешто што е убаво да се има, туку значи и поголема безбедност за нашата земја и подрачјето на Алијансата“, појасни Борис Писториус.
Двајцата министри за одбрана најавија дека Германија и Обединетото Кралство ќе ја прошират соработката меѓу нивните воздухопловни сили во областа на технологијата на беспилотни летала и опремувањето на копнените сили. Во рамки на иницијатива на НАТО, заеднички се развива и прецизна ракета со долг дострел, која би требало навремено да ги одбива руските ракетни и воздушни напади. Велика Британија и Германија и натаму сакаат да ја поддржуваат Украина, да ги обучуваат нејзините војници и да испорачуваат оружје, нагласи британскиот министер за одбрана Џон Хили. Двете земји актуелно се копретседатели на „коалицијата на волјата“ што ја поддржува Украина. „Добивме ветувања во вредност од 50 милијарди фунти (57 милијарди евра), но треба многу повеќе“, рече Хили во Лосимут.
Да се надеваме на мир, но...
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги поздрави новите санкции против Русија што ги воведоа ЕУ иСАД.Писториус ескептиченво однос на најавата на Доналд Трамп дека мирот воУкраинае близу. Тој вели дека имало слични најави и претходно, но ништо не се случило. „Не се плашиме. Крајно време е да ги засилиме нашите напори, да останеме обединети и јасно да покажеме дека сме способни и имаме волја да се браниме“, рече Борис Писториус. Набавката на авионите Посејдон за морнарицата е само мал дел од таквите напори. Во касата на министерството за одбрана до 2029 година треба да се влеат 150 милијарди евра, односно повеќе од двојно од актуелниот буџет.