1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Падна германската влада

БГ
16 декември 2024

Владата на германскиот канцелар Олаф Шолц ја загуби довербата на мнозинството во парламентот. Германија ја очекуваат предвремени парламентарни избори на 23 февруари следната година.

Олаф Шолц Бундестаг
Германскиот канцелар Олаф Шолц во Бундестагот. 16.12.2024Фотографија: Michael Kappeler/dpa/picture alliance

По нешто повеќе од три години на власт, германската влада предводена од социјалдемократот Олаф Шолц го загуби мнозинството во парламентот. Германскиот Бундестаг во понеделникот и изгласа недоверба на владата која, покрај Социјалдемократите, ја сочинуваа и партиите на Зелените и Либералите. Само 207 од вкупно 733 пратеници во Бундестагот и изгласаа доверба на владата, додека 394 беа против. 

Гласањето во долниот дом на германскиот парламент не беше изненадување, имајќи предвид дека владата го загуби мнозинството минатиот месец, откако Либералите ја напуштија владината коалиција.

Сега на потег е претседателот Франк Валтер Штајнмајер кој ќе го распушти парламентот и ќе распише вонредни парламентарните избори за 23 февруари следната година.

На гласањето во парламентот му предводеше жестока расправа меѓу лидерите на парламентарните партии и канцеларот Шолц. 

„Ја имавте шансата“  

Шолц пред пратениците тврдеше дека неговата влада постигнала голем напредок во последните три години, меѓудругото и со големи инвестиции во модернизацијата на вооружените сили. Притоа, Шолц најави и планови за големи инвестиции во одбраната, економијата и социјалната заштита.

Лидерот на конзервативната ЦДУ, Фридрих Мерц во парламентотФотографија: Felix Zahn/photothek/picture alliance

Лидерот на најголемата опозициска партија, конзервативната ЦДУ, Фридрих Мерц му реплицираше на Шолц: „А што правеше во изминатите три години? Да не беше на друга планета?“

„Крајно време е да се инвестира силно и одлучно во Германија“, рече Шолц, предупредувајќи дека „масовно вооружена нуклеарна сила води војна во Европа на само два часа од тука“, алудирајќи на руската агресија во Украина.

Мерц му реплицираше на Шолц дека ја оставил земјата во „една од најголемите економски кризи во повоената ера.
„Ја имаше својата шанса, но не ја искористи... Вие, господине Шолц, не заслужувате доверба“, рече Мерц.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми