1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КултураГерманија

Директор на балет нападна новинарка со кучешки измет

БГ /дпа
13 февруари 2023

Инцидентот се случи во саботата вечер за време на премиерата на балетот „Вера-Надеж-Љубов“. Настанот предизвика осуда од уметници во Хановер, а неколку политичари побараа оставка од Геке.

Deutschland Hannover 2019 | Marco Goecke, deutscher Choreograf
Фотографија: Christophe Gateau/dpa/picture alliance

Балетскиот директор на покраинскиот театар во Хановер е суспендиран откако измачкал новинарска критичарка со измет од куче за време на премиера во германскиот град. 

Инцидентот со кучешкиот измет засега нема да има последици за 50-годишниот Марко Геке во неговата улога како балетски уметник во Штутгартскиот балет. Инцидентот во Хановер нема никаква врска со тоа, изјави портпарол на театарот.

Критичарката која била жртва во инцидентот е Вибке Хистер од весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг. Таа изјави дека поднела жалба против Геке. Портпарол на полицијата во Хановер вели дека е започната истрага за можен напад и навреда.

Хистер изјави за агенцијата ДПА дека првично реагирала многу смирено кога Геке ја обвинил дека пишува негативни критики кои доведувале до откажување на претплатите за балет. Но одеднаш, вели таа, тој извадил пластична кеса со кучешки измет од неговиот џеб и почнал да ја мачка по лицето.

„Кога почувствував што прави, врескав“, вели Хистер, додавајќи дека била шокирана и почнала да плаче. Вработен во театарот и помогнал да се измие. 

Неприфатливо однесување 

Претставници на театарот во Хановер велат дека постапките на Геке предизвикале голема штета за државната опера, балетот и театарот. Суспензијата, вклучително и забрана за влез во театарот биле наметнати „со цел да се заштитат балетот и Покраинскиот театар од натамошна штета“. 

Зградата на Покраинската опера во ХановерФотографија: Ole Spata/dpa/picture alliance

Од Геке е побарано целосно да се извини и да му испрати објаснување на театарскиот менаџмент во следните денови, по што театарот ќе го информира за следните чекори.

Инцидентот се случи во саботата вечер за време на премиерата на балетот „Вера-Надеж-Љубов“. Настанот предизвика осуда од уметници во Хановер, а неколку политичари побараа оставка од Геке.

„Таквото однесување е целосно неприфатливо и нападот е одвратен. Ќе разговараме за натамошни казни со покраинскиот театар“, изјави министерот за култура на покраината Долна Саксонија, Фалко Морс. Геке, кој ужива висока меѓународна репутација и е наградуван за своите продукции, досега не го коментираше инцидентот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми