1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Еден од нив ќе биде идниот канцелар

Рина Голденберг
2 декември 2024

Пред предвремените избори на 23 февруари, политичките партии во Германија ги избраа своите водечки кандидати за иден канцелар. Еве кои се тие.

Олаф Шолц, СПД
Олаф Шолц, СПД Фотографија: Carsten Koall/dpa/picture alliance

Олаф Шолц, СПД ( роден 1958) 

На социјалдемократот никогаш не му недостасувала самодоверба, себеси се смета за ефикасен, компетентен прагматичар. Водел своја адвокатска канцеларија и зад себе има децениска политичка кариера во која бил градоначалник во Хамбург а на сојузно ниво - министер за труд, министер за финансии и канцелар. Олаф Шолц не успеа да се ослободи од својот имиџ како арогантен бирократ, па затоа има слаба поддршка од јавноста.

Олаф Шолц, СПД Фотографија: Carsten Koall/dpa/picture alliance

Фридрих Мерц, ЦДУ (роден 1955) 

Конзервативниот Фридрих Мерц  од ЦДУ  е најстариот кандидат за канцелар кој Германија го имала во повеќе од 50 години. Мерц, убеден католик и адвокат за бизнис право, потекнува од руралната област Зауерланд во западна Германија, никогаш не бил на јавна функција. Тој зад себе има долга кариера во приватни претпријатија, вклучувајќи и во една од најголемите светски корпорации за финансиски менаџмент, „БлекРок“ (BlackRock).

Фридрих Мерц, ЦДУФотографија: Ruffer/Caro/picture alliance

Роберт Хабек, Зелените (роден 1969) 

Роберт Хабек исто така се смета за прагматичен политичар, тој нема проблем да ги признае сопствените грешки. Токму Хабек најде едноставни и искрени зборови за да ѝ ги објасни на јавноста политичките одлуки на владата и да ја неутрализира перципираната ароганција на неговите коалициски партнери. Пред неговата политичка кариера  во Зелените  бил автор, преведувач и филозоф.

Роберт Хабек, ЗелениФотографија: appeler/dpa/picture alliance

Алис Вајдел, АфД (родена 1979) 

Вајдел, копретседавач на крајно десничарската  Алтернатива за Германија,  докторирала економија, работела и студирала во Кина и застапува евро- и НАТО-скептични позиции. Вајдел е позната по провокациите и запаливата антиимигрантска реторика. Таа живее во Швајцарија во граѓанско партнерство со жена од Шри Ланка. Заедно имаат две посвоени деца.

Алис Вајдел, АфДФотографија: Bernd Elmenthaler/Geisler-Fotopress/picture alliance

Кристијан Линднер, ФДП (роден 1979) 

Поранешниот министер за финансии студирал политички науки, основал сопствен мал бизнис за рекламирање и е резервен офицер во германското воздухопловство. Тој стана претседател на неговата неолиберална партија Слободни демократи  на само 34-годишна возраст и останува нејзин неприкосновен лидер. Има репутација на човек со такт и стил на социјалните мрежи и е познат по својата љубов кон спортските автомобили.

Кристијан Линднер, ФДПФотографија: Hannes P Albert/dpa/picture alliance

Сара Вагенкнехт, БСВ (родена 1969) 

Вагенкнехт, поранешна водечка фигура во партијата Левица, е чест гостин во политичките ток-шоуа и мајстор во популистичката реторика, исмејувајќи ги другите политичари како глупави и лицемерни. Таа се залага за конзервативна социјална и левичарска економска политика, а застапува и позиции против миграцијата. Таа е климатски скептик и критичар на НАТО и целосно доминира со нејзината Алијанса Сара Вагенкнехт.

Сара Вагенкнехт, БСВФотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture alliance

Јан ван Акен, Левица (роден 1961) 

Јан ван Акен, роден во Западна Германија, докторирал биологија и работел како инспектор за биолошко оружје за ОН од 2004 до 2006 година. Тој беше пратеник на  Левицата во Бундестагот од 2009 до 2017 година. Од октомври 2024 година, тој беше копретседател на партијата Левица и се бори за опстанок на неговата партија на изборите.

Јан ван Акен, ЛевицаФотографија: Axel Heimken/dpa/picture-alliance

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми