1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
РелигијаГерманија

Германија го забрани шиитскиот Исламски центар во Хамбург

СН/агенции
24 јули 2024

Со години наназад исламската организација, која раководи со репрезентативната „Сина џамија“ во Хамбург е под надзор на германската служба за заштита на уставниот поредок. По серија рации денеска таа беше забраната.

Припадници на германската полиција во рација во „Сината џамија“ во Хамбург
Припадници на германската полиција во рација во „Сината џамија“ во ХамбургФотографија: Daniel Bockwoldt/dpa/picture alliance

Германската влада денеска ја забрани организацијата Исламски центар во Хамбург, обвинувајќи ја дека ги промовира ставовите на официјален Техеран и го поддржува либанскиот Хезболах, соопшти Министерството за внатрешни работи во Берлин. 

Забраната на Исламскиот центар во Хамбург (ИЗХ) и неговите подружници во другите делови на Германија уследи по извршените полициски претреси на 53 локации во ноември.

Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер рече дека доказите собрани во истрагата „ги потврдиле сериозните сомнежи дотолкава мера што забраната е наредена денеска“.

Фезер во изјавата наведе дека ИЗХ „промовира исламистичко-екстремистичка, тоталитарна идеологија во Германија“ и дека нејзините подорганизации „исто така, ги поддржуваат терористите на Хезболах и шират агресивен антисемитизам“.

Германската министерка за внатрешни работи, Ненси ФезерФотографија: Frederic Kern/Geisler-Fotopress/picture alliance

Министерството наведе дека „како директен претставник на иранскиот врховен водач на исламската револуција“, ИЗХ ја шири „идеологијата на Исламската револуција на агресивен и борбен начин и се обидува да донесе таква револуција во Германија“.

ИЗХ минатата есен соопшти дека „осудува секаква форма на насилство и на екстремизам и оти секогаш се залага за мир, толеранција и за меѓурелигиски дијалог“.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради забраната ќе бидат затворени четири шиитски џамии во Германија и дека имотот на ИЗХ ќе биде конфискуван.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми