1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Хомосексуалците ќе можат полесно да даруваат крв

АРД
10 јануари 2023

Регулативата за дарување крв за хомосексуалните мажи досега содржи големи пречки. Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах планира законска измена, според која решавачко ќе биде ризичното однесување на донаторите

Германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах
Германскиот министер за здравство, Карл ЛаутербахФотографија: Political-Moments/IMAGO

Германскиот сојузен министер за здравство Карл Лаутербах планира да стави крај на дискриминацијата на хомосексуални маживо поглед на донирање крв. Тоа произлегува од поднесеното барање за измени во законот за трансфузија, јавува Редакциската мрежа на Германија (РНД). „Сексуалната ориентација и половиот идентитет не смеат да бидат критериум за исклучување или задршки“, стои во измената. Изменетиот закон би требало да стапи на сила на 1 април и ја обврзува Сојузната лекарска комора, во координација со институтот „Паул Ерлих“, да изврши соодветно адаптирање во регулативата за дарување крв во рок од четири месеци. 

При дарувањето крв клучна е регулативата на Сојузната лекарска комора, а согласно со постоечката верзија, мажите кои имаат секс со други мажи, смеат да даруваат крв само доколку во последните четири месеци немале сексуален контакт со „еден нов или повеќе од еден сексуален партнер“. Кај сите други лица четиримесечната забрана постои само при „често менување партнерки и партнери.“

Лаутербах: Дарувањето крв е „прашање на ризичното однесување“

Сојузната лекарска комора мора конечно да го примени она што во општествениот живот одамна е консензус, изјави Лаутербах за РНД. „Дали некој може да биде дарител на крв е прашање на ризичноста во неговото однесување, а не на неговата сексуална ориентација. Ни кај оваа тема не смее да постои затскриена дискриминација“, смета министерот за здравство. 

#DE_facto: Што навистина мислат Германците за хомосексуалците?

03:04

This browser does not support the video element.

Со оваа најава, како што истакува Лаутербах, тој го спроведува она што е веќе содржано во Коалицискиот договор на СПД, Зелените и Либералите од 2021 година. „Забраната за дарување крв за мажи кои практикуваат секс со мажи, како и за трансродовите лица, ќе ја укинеме, во краен случај и по законски пат“, се вели во Коалицискиот договор.

Преку планираната законска измена, Сојузната лекарска комора ќе биде обврзана да ја приспособи својата регулатива за донирање крв во рок од четири месеци, известува РНД.

Здружение за помош на лицата со сида: Последните измени уште се дискриминирачки

Регулативата за дарување крв во 2021 година беше благо разлабавена. Но, првенствено Германското здружение за помош на лицата заболени од сида и натаму тврдеше декапостои дискриминација на хомосексуалци, како и стигматизирање на трансродовите лица. Со предлогот за измена на законот сега ќе биде пропишано дека сексуалниот ризик, кој би водел до исклучување или задршки во однос на донирањето крв, ќе смее да се испитува само „врз основа на индивидуалното однесување на лицето кое сака да дарува крв“, јавува РНД.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми