1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГерманија

Германија и` испорача систем „Патриот“ на Украина

ЖА / дпа
19 април 2023

Украина го добила системот за противвоздушна одбрана „Патриот“, кој и` го вети Германија.

Германски систем за противвоздушна одбрана „Патриот“
Германски систем за противвоздушна одбрана „Патриот“Фотографија: Axel Heimken/dpa/picture alliance

Германската влада на Украина и` го испорачала ветениот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“, излегувајќи во пресрет на повеќекратно изразените молби од страна на Киев, кој е соочен со масивни руски воздушни напади.

Според информации на новинската агенција ДПА, украинските војници кои поминаа обука во САД и Германија, неодамна на заедничка вежба на воен полигон во земја-членка НАТО ги докажале своите способности за управување со системот. 

„Патриот" (Phased Array Tracking Radar for Intercept on Target) спаѓа во редот на најмодерните противвоздушни системи во светот. Тој е способен да дејствува против непријателски авиони, балистички ракети и крстосувачки проектили. Со него можат да бидат погодени цели на оддалеченост до околу сто километри и на височина до 30 километри.

Германија, заедно со САД, изразија подготвеност на Украина да и` стават на располагање по еден ваков систем за модерна противвоздушна одбрана против руските напади, кои засилено се насочени кон цивилната инфраструктура на земјата.

Германија е првата земја која испорачува систем „Патриот“ на Украина, а ветување за испорака стигна и од Холандија. Во март, 65 украински војници во Оклахома, во САД, беа обучени за ракување со системот. Поради масивните руски воздушни напади, Украина во текот на минатата година во повеќе наврати инсистираше кај западните земји да го добие системот „Патриот“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми