1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија и Кина: малку партнерство, малку ривалство

Матијас фон Хајн
19 јуни 2023

Некогаш владините консултации меѓу Пекинг и Берлин беа израз на многу блиски односи. Денес повеќе се зборува за „системско ривалство” отколку за партнерство. Но, барем постои дијалог, посочуваат аналитичари за ДВ.

Знамињата на Кина и на Германија
Знамињата на Кина и на ГерманијаФотографија: Thomas Koehler/photothek/imago images

„Заедно да се дејствува одржливо“ – е мотото на консултациите на кинеската и германската влада заради кои кинескиот премиер Ли Чијанг денеска (19 јуни 2023) доаѓа во официјална посета на Берлин со поголемиот дел од неговите министри.

За волја на вистината, се чини дека резервите на „заедништво” се трошат, што се покажа неодамна на разговорот меѓу германскиот министер за одбрана Борис Писториус со кинескиот колега Ли Шангфу кои се сретнаа на маргините на безбедносна конференција што се одржа во Сингапур.

Стануваше збор за тоа дека кинеската армија ангажира поранешни воени пилоти како инструктори, што не е забрането. Но, Писториус од Пекинг побара „веднаш да се прекине таквата пракса”.

Торстен Бренер од Глобалниот институт за јавни политики во Берлин во тоа гледа „показател дека мора да бидеме будни”, како што вели затоа што „Пекинг ја користи секоја прилика да пристапи до критично важни технологии или способности за да ја засили сопствената индустриска и воена база”, додава тој.

Торстен Бенер, диерктор на Глобалниот институт за јавни политики во БерлинФотографија: Mathias Erfurt/GGPi

Сѐ повеќе материјал за кавга

Копирање на технологиите, цврстото држење на Пекинг за пријателството со Русија и покрај агресијата врз Украина, тензиите околу Тајван, потиснувањето на ујгурското малцинство во Кина…Сѐ повеќе има материјал за спор со Пекинг.

Нештата дополнително ги заострува геополитичкото ривалство на Кина со другата велесила САД. Сепак, Кина и седма година по ред е најважен трговски партнер на Германија. Минатата година двете земји имаат размена на стока во вредност од 300 милијарди евра, со голем дефицит од 80 милијарди на германска страна.

Колку се сложени односите покажува и тоа што во германските стратешки документи Кина некаде се означува како партнер, а некаде како конкурент или дури и стратешки ривал, додека порано акцентот беше ставан на партнерството. Меѓувладините консултации се одржуваат од 2011 година, а таков вид на соработка постои само со блиски земји. Дури во 2014 година германско-кинеските односи се прогласени за „широко стратешко партнерство”, но од тогаш многу нешта се променија.

Ништо не е по старо

Барбара Понграц од берлинскиот тинк-тенк МериксФотографија: MERICS | Foto: Marco Urban

Заладувањето на односите ќе ја покаже и оваа седма официјална посета на двете влади, уверена е Барбара Понграц од берлинскиот тинк-тенк „Мерикс” кој се занимава со Кина.

„Германската влада сака да прекине со досегашната практика”, вели експертката. „Има сигнали дека владините консултации нема да бодат проследени со големи церемонии и дека нема да бидат склучени големи бизнис зделки”, додава таа.

Новите ветрови во политиката спрема Кина се запишани во коалицискиот договор на Социјалдемократите, Зелените и Либералите од 2021 година, во кој се наведува дека Берлин спрема Кина ќе постапува повеќе во склад со политиката на ЕУ, за да ги “оствари своите вредности и интереси во системското ривалство” со Пекинг.

„Вистинска дебата за европеизација на германските односи со Кина всушност не постои”, вели Понграц.

Уште нема ни нова официјална стратегија за односите со Кина. Таа би требало да се темели на Националната стратегија за безбедност која коалицијат ја објави на 14 јуни годинава. Политикологот Еберхард Зандшнајдер од Берлин смета дека доцнењето на стратегијата е добро за претстојните разговори на највисоко ниво. „Кога сега би излегол во јавност стратешки документ кој е премногу критички спрема Кина веројатно кинеската самосвест би наложила консултациите да бидат откажани”, посочува Забдшнајдер.

„Јавна тајна е дека германската сојузна влада интерно уште не постигнала согласност околу документот. И на Кинезите тоа им е јасно”, вели политикологот.

Политикологот Еберхард Зандшнајдер од Берлин (архивска фотографија)Фотографија: DGAP/dapd

Кавга во коалицијата

Не е чудо што оваа тема е „јавна тајна” затоа што и препирките на коалициските партнери во Германија се јавни, како и за многу други теми.

Зелените се тие кои бараат најостар став спрема Кина барајќи да се почитуваат сопствените вредности, додека пак Социјалдемократите на канцеларот Шолц повеќе внимаваат на економските односи. Либералите бараат прагматична политика спрема Кина и се противат на „антикинеска” стратегија.

Со меѓувладините консултации во Берлин ќе претседава Шолц што и покрај тешките теми треба да придонесе за смирен и пријателски тон на разговорите.

Политикологот Зандшнајдер не очекува којзнае какви резултати. За него е најважно тоа што воопшто се одржува дијалог во ваков формат, по три години пауза.

„Со кинеските колеги со кои разговарам сме на ист став, дека е крајно време двете страни повторно да остварат средба. Не само на огицијални седници, туку и за време на фамозните паузи за кафе, за да разменат и лично по некој збор. Тоа ја менува атмосферата”, вели познавачот на Кина. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми