1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГерманија

Украина смее да користи германско оружје за цели во Русија

ЖА
31 мај 2024

Германската влада соопшти дека на Украина ѝ дава дозвола да користи германско оружје против цели на руска територија.

Украина смее да користи германско оружје за цели во Русија
Украина смее да користи германско оружје за цели во РусијаФотографија: REUTERS

По САД, и Германија исто така ѝ дозволи на Украина да го користи испорачаното германско оружје против одредени руски цели. Портпаролот на владата Штефен Хебештрајт изјави дека тоа е во согласност со меѓународното право.

„Во последните недели, посебно во регионот Харков, Русија ги користи нејзините непосредно гранични области за подготовка, координирање и вршење на напади. Заедно сме уверени дека меѓународното право на Украина меѓународното право ѝ го дава правото да се брани од руските напади. За таа цел,  таа може да го користи и оружјето  кое ѝ е испорачано од Германија, во согласност со нејзините меѓународни правни обврски“, наведе портпаролот на владата Штефен Хебештрајт во Берлин.

Германската влада континуирано ја „усогласува својата поддршка  со своите најтесни сојузници  во директен дијалог со украинската влада, во зависност од развојот на воените настани", истакна владиниот портпарол.

Претходно  САД одобрија употреба на американско оружје  за напади врз цели во Русија, во ограничен обем. Ова се однесува само на  контраудари во одбрана на градот Харков  во источниот дел од Украина, како што пренесоа повеќе американски медиуми.

Украинската војска се наоѓа под воен притисок во повеќе сектори од фронтот, посебно во областа Харков, каде руските трупи постојано вршат напади.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми