1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија и САД против данок за супербогатите

Ненад Крајцер | агенции
27 јули 2024

Земјите од групата Г20 требаше да договорат данок за супербогатите. Но, две земји го блокираа договорот: САД и Германија. Во исто време, токму во Германија константно расте бројот на луѓе кои припаѓаат на оваа група.

Луксузни јахти во Монако – два отсто данок за милијардерите?
Луксузни јахти во Монако – два отсто данок за милијардерите?Фотографија: Java

На крајот, сè заврши со омекната и необврзувачка изјава. „Со целосно почитување на даночната автономија на поединечните земји, ќе се потрудиме многу богатите ефективно да се оданочат.“ Покрај тоа, иницијаторот и домаќин на состанокот на министрите за финансии на земјите од Г20, бразилскиот министер за финансии Фернандо Хадад, го изрази своето задоволство од оваа необврзувачка заедничка изјава. „Борбата против гладот, сиромаштијата, нееднаквоста, како и оданочувањето на супербогатите сега се на меѓународната економска агенда, што укажува на социјално поправедна и еколошки одржлива иднина“, рече Хадад во петокот вечерта по завршувањето на состанокот во Рио де Жанеиро.

250 милијарди за борба против гладот

Неговиот оптимизам се заснова на фактот дека оваа реченица воопшто влегла во завршната декларација. Концептот предложен од тековната земја претседавач со групата Г20, Бразил, предвидува годишно оданочување од два отсто на имотот на најбогатите.

Бразилскиот министер за финансии Фернандо Хадад (десно)Фотографија: UESLEI MARCELINO/REUTERS

Според пресметките на Бразил, тоа би донело 250 милијарди долари кои би можеле да се потрошат за глобалната борба против гладот, конфликтите и пандемијата.

Данокот би „погодил“ само група од околу, како што пишува Ројтерс, 3.000 екстремно богати ширум светот. Меѓу нив се луѓе како сопственикот на брендот Тесла Илон Маск, основачот на Амазон Џеф Безос или Французинот Бернар Арно, сопственик на серија луксузни брендови. Сите тие се движат околу границата од 200 милијарди долари богатство.

Шпанија и Франција за, САД и Германија против

Предлогот брзо ги подели земјите од групата Г20. Додека водечките членки како Франција, Шпанија и Јужна Африка го поддржаа предлогот на Бразил, САД и Германија ставија вето. 

Во Германија, министерот за финансии и шеф на Либерално-демократската партија (ФДП), Кристијан Линднер, е најмногу против оваа идеја. Министерката за развојна помош Свења Шулце, од Социјалдемократската партија на Германија, покажа подготвеност за дискусии за овој вид данок. Таа рече дека „светот стана неправедно место“ кога станува збор за распределбата на богатството и затоа предлогот на Бразил е „важен и правилен“. Но, против тоа е коалицискиот партнер на социјалдемократите, ФДП, која инаку е позната како партија која ги штити богатите.

Мултимилијардери на една фотографија: Бернар Арно (лево горе), Џеф Безос (во средина, Ворен Бафет (горе десно), Илон Маск (доле лево), Лери Елисон (доле десно)Фотографија: La Nacion/ZUMA/picture alliance

Зголемување на бројот на супербогати

Во исто време, токму во Германија се бележи нагло зголемување на т.н супербогати, значи луѓе со имот од над 100 милиони долари. Во Германија минатата година бројот на супербогати се искачи на 3.300, што е за 300 повеќе од претходната година. Така, Германија е на трето место зад САД со 26.000 супербогати и Кина со 8.300 луѓе кои поседуваат повеќе од 100 милиони долари.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми