1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ИсторијаГерманија

Германија им оддаде почит на жртвите на нацизмот

БГ /дпа
27 јануари 2023

Германскиот канцелар Олаф Шолц потсети на историската одговорност на Германија за убиството на милиони Евреи во нацистичката ера, за време на комеморациите за жртвите во неговата земја.

Бундестаг
Комеморација во Бундестагот по повод Денот на жртвите од ХолокаустотФотографија: Michele Tantussi/REUTERS

„Страдањето на 6 милиони невино убиени Евреи не смее да се заборави, како ни страдањето на преживеаните“, порача Шолц на Твитер.

Комеморации за жртвите на Холокаустот во петокот се одржаа ширум Германија. Во парламентот се обрати преживеаната од Холокаустот Розете Кац.

Претседателката на Бундестагот Барбел Бас го отвори настанот на кој присуствуваше и сојузниот претседател Франк-Валтер Штајнмајер.

Комеморациите годинава се фокусирани на луѓето кои биле прогонувани од нацистите поради својата сексуална ориентација или идентитет. 

Активистите работеа повеќе од 20 години за да основаат официјална церемонија за ЛГБТ жртвите на нацизмот, оценувајќи дека нивното искуство било омаловажувано или заборавено. 

Ужасна бруталност  

Претседателката на Бундестагот, Бас, рече дека геј-мажите биле убивани, кастрирани и подложувани на ужасни „медицински“ експерименти во концентрационите логори каде биле на дното на „затвореничката хиерархија“. Илјадници лезбејки, трансродови лица и сексуални работнички биле прогласени за „дегенерици“ и затворани во кампови под брутални услови. 

Комеморација во Бундестагот по повод Денот на жртвите од ХолокаустотФотографија: Bernd von Jutrczenka/dpa/picture alliance

„Се сеќаваме на сите луѓе кои беа прогонувани од Националсоцијалистите- ограбени, понижени, маргинализирани, измачувани и убиени“, порача Бас.

Германија официјално го чествува Денот на сеќавање на Холокаустот, годишнината од ослободувањето на Аушвиц, од 1996 година со церемонија во Бундестагот и со комеморации ширум земјата. 

На 27 јануари 1945 година, војници на Црвената армија ги ослободија преживеаните затвореници во концентрациониот логор Аушвиц и од другите логори во окупирана Полска. Нацистите во него убиле повеќе од еден милион луѓе, повеќето Евреи.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми