1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија ќе дозволи рекреативна употреба на марихуана

БГ /АП
26 октомври 2022

Германскиот министер за здравство во средата го објави планот за декриминализација на поседувањето до 30 грама канабис и дозвола за продажба на возрасни лица на контролиран пазар.

Канабис
Рекреативното користење на марихуаната ќе биде дозволено во Германија од 2024 годинаФотографија: Bea Vera/Addictive Stock/IMAGO

Рекреативното користење на марихуаната ќе биде дозволено во Германија од 2024 година, доколку парламентот го одобри владиниот предлог кој беше претставен во средата. Берлин најпрво ќе провери со Европската комисија дали планот е во согласност со законите на ЕУ и потоа ќе продолжи со негово вметнување во законодавството, „само доколку добие зелено светло“, соопшти министерот за здравство Карл Лаутербах. 

Лаутербах смета дека новите правила можат да бидат „пример за Европа“. Објективно, тие нема да стапат во сила пред 2024 година, вели тој. 

Планот предвидува одгледувањето канабис да се одвива со лиценци и да се продава на полнолетни лица во лиценцирани продавници за да се ограничи црниот пазар, вели Лаутербах. Секое лице ќе има право да одгледува до три стебла канабис, и да купи или поседува 20 до 30 грама марихуана. 

4 милиони Германци користат канабис  

Доколку законот се одобри „тоа ќе биде, од една страна, најлибералниот проект за легализација на канабис во Европа, а од друга страна, ќе биде најцврсто регулиран пазар“, рече Лаутербах. 

Лаутербах вели дека Германија не сакала да го копира системот на соседна ХоландијаФотографија: MICHELE TANTUSSI/REUTERS

Министерот, кој долго и самиот се спротивставуваше на легализацијата на канабисот, сега тврди дека актуелниот систем на функционира затоа што употребата расте, а илегалните пазари цветаат. Според статистиките, околу 4 милиони луѓе во Германија минатата година користеле канабис, а меѓу нив една четвртина на возраст меѓу 18 и 24 години. 

Лаутербах вели дека Германија не сакала да го копира системот на соседна Холандија, каде декриминализацијата е комбинирана со мала пазарна регулација. Германската влада се уште истражува дали канабисот може да биде конзумиран на местата каде што се продава, но засега нема план тоа да биде одобрено. Во продавниците каде се продава канабис нема да биде дозволено да се продаваат алкохол и цигари, и тие нема да смеат да бидат лоцирани во близина на училишта. Владата нема намера да ги контролира цените, но планира да наметне постави основи за квалитет. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми