1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеГерманија

Се укинува обврската за маски во сообраќајот на долги релаци

Томас Гример
13 јануари 2023

Обврската за носење маски во возовите и автобусите на долги релации, која требаше да трае до април, ќе престане да важи на втори февруари.

Од втори февруари веќе нема да мора да се носат маски во возовите и автобусите на долги релации
Од втори февруари веќе нема да мора да се носат маски во возовите и автобусите на долги релацииФотографија: Oliver Berg/dpa/picture alliance

Не се очекува нов зимски бран на инфекции, оцени денеска (13.01) во Берлин германскиот министер за здравство Карл Лаутербах. Затоа, со покраините е договорено наместо во април, обврската за носење маски во возовите и автобусите на долги релации да не важи веќе од втори февруари.

Лаутербах, сепак, апелира до патниците во јавниот сообраќај и превозните средства на долги релации да носат маски доброволно. „Повеќе треба да се потпреме на сопствената одговорност и волја“, рече тој.

Барањата за укинување на обврската за носење маски во последно време се засилија со оглед на намалените бројки на заразени со коронавирус. Министерот за правда Марко Бушман се заложи за укинување на обврската на крајот од месецов. За укинување на обврската се изјаснија и министерот за сообраќај Фолкер Висинг и Германската железница.

- повеќе: Германија: Задолжителен ковид-тест за патниците од Кина

Во јавниот сообраќај во повеќе покраини веќе не постои обврска за носење маски. Така е во Баварија, Саксонија Анхалт и Шлезвиг Холштајн. Укинување на обврската најдоцна до почетокот на февруари се очекува и во Берлин, Бранденбург, Хесен, Тирингија, Мекленбург Предна Померанија, Саксонија и Баден Виртемберг.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми