1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Рации против „Граѓани на Рајхот“

ЕМФ / дпа
10 октомври 2023

Германската полиција денеска спроведе рации во станови на т.н. „Граѓани на Рајхот“ и уапси неколку осомничени лица.

Германија| Рација против „Граѓани на Рајхот“
Полицијата направи претрес во повеќе германски покраини Фотографија: Uli Deck/dpa/picture alliance

Се шири истрагата против осомничената терористичка група во Германија „Обединети патриоти“. Полицијата денеска (10.10) направи претрес во повеќе германски покраини во станови на т.н. „Граѓани на Рајхот“ (или Рајхсбургер), за кои се смета дека се поврзани со „Обединети патриоти“. Уапсени се повеќе осомничени лица.

Обвинителството во Минхен соопшти дека лице уапсено во Волфратсхаузен изразило подготвеност да учествува во планираното киднапирање на министерот за здравство Карл Лаутербах и за таа цел набавило оружје од Хрватска. Во покраината Баден Виртемберг е уапсено лице осомничено дека на здружение му дало на располагање сервер за конспиративна комуникација. Освен тоа, уапсениот учествувал во управување со затворена чет-група.

Трет осомничен на членовите на групата им покажувал како да управуваат со радио апарати за комуникација.Освен тоа, тој во чет-групи повикувал на учество на собирите на здружението.

Четворица мажи на возраст меѓу 44 и 56 години и еден 76-годишник се веќе обвинети пред Вишиот суд во Кобленц поради планиран државен удар во Германија и планирано киднапирање на министерот Лаутербах. Тие сте обвинети за основање терористичка организација или за членување во неа. Групата наречена „Обединети патриоти“, според обвинувањата, планирала политички преврат и нов устав по урнек на Германскиот рајх во 1871 година.

„Граѓаните на Рајхот“ се луѓе кои не ја признаваат Сојузната Република и нејзините демократски структури. Сојузната канцеларија за заштита на уставот во 2020 година процени дека околу 23.000 луѓе низ Германија се дел од милјето околу „Граѓани на Рајхот“ и „Самоуправувачи“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми