1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ИсторијаГерманија

Германија: Што се случило во ноќта на Ноемврискиот погром?

01:01

This browser does not support the video element.

9 ноември 2023

Антисемитизмот е повторно во пораст откако почна војната помеѓу Израел и Хамас. Денеска се навршуваат 85 години од Ноемврискиот погром, кој во некои делови на светот е познат и како „Кристална ноќ“. Важно е да не се заборави она што се случуваше во ноќта на 9 ноември 1938 година и деновите кои следуваа потоа.

Нацистичкиот режим покрена бран погроми на територија на германскиот Рајх. Беа запалени и уништени повеќе од 1400 синагоги и илјадници еврејски куќи, училишта и продавници. Таа ноќ (9 ноември 1938 година) или по неа, загинаа околу 1500 луѓе. Многумина беа депортирани или извршија самоубиство. 

Зошто е толку важно никогаш да не се заборави?
 
Ноемврискиот погром беше изведен пред очите на сите. Полициските сили и пожарникарите не интервенираа.Нацистичките власти дури тврдеа дека самите Евреи се виновни за немирите. После погромот, околу 30.000 Евреи беа уапсени или испратени во нацистичките концентрациони логори. Ноемврискиот погром беше увертира за ужасите на Холокаустот.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми