1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Штрајк во Луфтханза – засегнати 100.000 патници

ЖА
20 февруари 2024

На повеќе германски аеродроми утрово започна нов предупредувачки штрајк на копнениот персонал на авиопревозникот Луфтханза.

Штрајк во Луфтханза, Германија
Штрајк во Луфтханза, ГерманијаФотографија: Sven Hoppe/dpa/picture alliance

Штрајкот на вработените во Луфтханза започна денеска (вторник, 20.02.) од 4 часот утрото и ќе трае до 7 часот утрото следниот ден, среда. Синдикатот во услужните дејности Верди ги повика вработените во областа на транспортот и техниката да ја прекинат својата работа уште од понеделникот вечерта во 20 часот.

Патниците кои патуваат со Луфтханза поради  предупредувачкиот штрајк мора да сметаат на откажување на летови или на нивно доцнење. Засегнати се патниците на Луфтханза  на аеродромите  во Франкфурт на Мајна, Минхен, Хамбург, Берлин, Диселдорф, Келн-Бон и Штутгарт. Според информации од авиокомпанијата, станува збор за околу 100.000 патници, но Луфтханза се надева дека ќе може да опслужи десет до дваесет проценти од закажаните летови.

Поради  штрајкот на копнениот персонал на почетокот на февруари  можеа да бидат реализирани само десет проценти од летовите.

Причината за  предупредувачкиот штрајк се тековните тарифни преговори за околу 25.000 вработени во Луфтханза како копнен персонал. Според синдикатот Верди, додека Луфтханза е спремна на своите пилоти  со основна годишна плата до 270.000 евра да им даде зголемување на примањата во двоцифрена вредност, на копнениот персонал, од кој дел има сатнина од 13 евра, не им нуди ни изедначување на инфлацијата од последната година. Верди за копнениот персонал бара зголемување на платите за 12,5 проценти, но најмалку 500 евра месечно на рок од една година. Освен тоа, се бара еднократна исплата на т.н. инфалциска премија од 3.000 евра.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми