1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГерманија

Германија: Укинат имунитетот на пратеник од АФД

СН/агенции
11 септември 2025

Бундестагот му го одзеде имунитетот на пратеникот од АфД, Максимилијан Кра. Тој, меѓу другото, е осомничен за корупција додека бил член на Европарламентот. Одлуката е донесена „со гласовите на сите парламентарни групи“.

Германскиот пратеник Максимилијан Кра со бела копула, црн костум и шарена вратоврска оди на тротоар додека зад него и до него го снимаат со камери
Главното обвинителство во Дрезден отвори истрага против Кра за корупција и перење пари во врска со кинеските уплати.Фотографија: Jens Schlueter/AFP

Германскиот парламент му го одзеде имунитетот на политичарот од партијата Алтернатива за Германија (АфД), Максимилијан Кра. Со тоа, парламентот го одобри извршувањето на налозите за претрес и заплена  на потенцијални доказни материјали против Кра. Политичарот од АфД, меѓу другото, е осомничен за корупција додека бил член на Европскиот парламент.

Претседателката на Бундестагот, Јулија Клекнер, ја прекина дебатата за законот за здравствена нега со цел да се одржи итно гласање. Политичарката од ЦДУ не го именуваше лицето за кое станува збор, но неговото име е наведено во документ на Бундестагот за случајот. Според Клекнер, одлуката е донесена со „гласовите на сите парламентарни групи“ - вклучувајќи ги и гласовите на пратеничката група на партијата на Кра - АфД.

Истрага за корупција и перење пари

Позадина на случајот е постапката која ја води обвинителството во Дрезден. Во мај, Главното обвинителство во Дрезден отвори истрага против Кра за корупција и перење пари во врска со кинеските уплати. Се наведува дека обвиненијата се однесуваат на неговите претходни должности како член на Европскиот парламент. Властите сега сакаат да утврдат дали „постојат доволно основи за обвинение или дали постапката мора да се прекине“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми