1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Затвор за 95-годишна негаторка на Холокаустот

АРД
27 јуни 2024

95-годишната Урсула Хавербек негира дека во Аушвиц биле убиени огромен број луѓе. Регионалниот суд во Хамбург ја испрати во затвор и покрај жестоките протести на нејзините поддржувачи.

Урсула Хавербек Холокаус
95-годишната Урсула Хавербек пред судот во Хамбург во 2020 година.Фотографија: Paul Zinken/dpa/picture alliance

Урсула Хавербек доби затворска казна од една година и четири месеци за два случаи на поттикнување омраза. И преостанува да одлежи уште една година од казната. Хавербек, која е популарна во десничарските екстремистички кругови во Германија, првично беше осуден на десет месеци затвор од окружниот суд во Хамбург во 2015 година, но таа се жалеше на пресудата. Сепак, судењето се одржа дури девет години подоцна. Сегашната пресуда доаѓа во време „кога антисемитизмот повторно е во пораст во Германија“, рече судијата претседавач. Овие зборови предизвикаа немир кај публиката. Дојдоа околу 100 поддржувачи на Хавербек. Некои огорчено скокнаа, многумина ја критикуваа правната држава, други демонстративно ја напуштија салата. 

Хавербек се прикажуваше себеси како жртва. Како жена која со децении ја кажува вистината и поради тоа е прогонувана од државата. Судијата прикажа поинаква слика: 95-годишната не е жртва, туку престапник.

„Сте дочекале длабока старост. На илјадници деца во Аушвиц не им беше дадена таа шанса“, рече судијата.

На 21 април 2015 година на маргините на судењето на припадникот на озлогласениот СС, Оскар Гронинг, Хавербек пред новинарите изјави дека во нацистичкиот логор Аушвиц немало масовно истребување, туку дека тоа бил работен логор. И покрај бројните претходни пресуди, таа во телевизиско интервју за магазинот на НДР „Панорама“ повторно негираше дека во Аушвиц имало масовно убивање на луѓе. 

Филомена Франц: „Не можам да мразам!“

06:02

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми