1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГерманија

Германска полиција: Ученик убил ученичка

ЕМФ / дпа
25 јануари 2024

Во напад во училиште во Санкт Леон-Рот, во Германија, е убиена ученичка, а осомничениот убиец, кој беше во бегство, во меѓувреме е уапсен, соопшти полицијата.

полициски возила
Фотографија: Rolf Vennenbernd/dpa/picture alliance

Германската полиција претпоставува дека убиството на ученичка во училиште во Санкт Леон-Рот, во близина на Хајделберг, е извршено од 18-годишен ученик, кој беше во бегство, но во меѓувреме е уапсен. Според информациите со кои досега се располага, убиената ученичка и осмничениот убиец најверојатно биле во врска. Други детали за злостортството, кое се случило претпладнево, засега не се соопштуваат. Учениците од училиштето биле евакуирани и добиваат психолошка помош.

Убиството, како што јавува агенцијата ДПА, потсетува на злосторството во Офенбург минатиот ноември, кога 15-годишен ученик застрела свој врсник. Тогаш 15-годишниот убиец влегол во училницата и му пукал во тилот на својот соученик.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми