1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската владејачка коалиција во криза

АРД
22 август 2024

Дали сегашната влада на Германија е само „преодна влада“? Откако во јавноста почна да се употребува овој термин, секој од партнерите од владејачката коалиција различно реагираат.

Кристијан Линднер, Роберт Хабек и канцеларот Олаф Шолц
Министрите Кристијан Линднер (ФДП) и Роберт Хабек (Зелените) и канцеларот Олаф Шолц (СПД)Фотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture alliance

Понекогаш настаните се одвиваат како да се нарачани. Овој вторник, 20 август, канцеларот Олаф Шолц (СПД) присуствуваше на симболичниот почеток на изградбата на фабриката за чипови во Дрезден. Таа треба да обезбеди снабдување со чипови за Германија и Европа, а субвенционирана е од германската влада со милијарди евра. Шолц го нарекува чипсот „нафта на 21 век“ и не ја пропушти можноста лично да присуствува на настанот. Како да порачува: „Криза, каква криза?“. Значи се работи за иднината на економијата

Но, деновиве често се поставува прашањето за иднината на самиот канцелар. Имено, се почесто се споменува терминот „преоден канцелар“. Во исто време, тој израз не дојде од опозицијата, туку од владејачката коалиција. Водачот на Партијата на Зелените, Омид Нурипур, ја опиша актуелната влада како „преодна влада по ерата на Ангела Меркел“ во неодамнешното интервју за јавниот сервис АРД . 

Лаконскиот коментар на Шолц 

Таа изјава предизвика бурни реакции. Самиот Шолц не се гледа себеси како некаков „транзициски канцелар“ и на свој карактеристичен начин коментира: „Секоја влада е преодна влада пред следната - а понекогаш тоа е иста влада“. Сепак, Шолц на разговор со граѓаните организиран во понеделникот во Бремен призна дека тешките процеси на одлучување (пред се за буџетот) ги засениле постигнувањата на коалицијата. Истовремено, тој ги повика своите коалициски партнери на „добро владеење“ и „добро однесување“.

Фотографија од церемонијата на поставување на камен темелник за изградба на фабриката за чипови во Дрезден, канцеларот Шолц е на срединаФотографија: Jasmin Beisiegel/dpa/picture alliance

Спорно е дали јавниот укор на министерот за финансии Кристијан Линднер (ФДП) во неодамнешниот спор за буџетот беше „добро однесување“. Социјалдемократот Шолц делуваше како некој што сака јавно да му покаже на својот министер за финансии од ФДП дека подобро ја разбира монетарната политика. Спорот, кој претставникот на Зелените Нурипур го нарече „можеби најбесмислениот од сите спорови“, дополнително ги забрза центрифугалните сили кои долго време прават поделба во владејачката коалиција. Оттогаш, се чини дека нејзините членови се обидуваат да се држат заедно само за да се спротивстават на чувството на сопствената минливост. Затоа што кој би сакал да биде само „транзициски“?

ФДП сака да „владее и во иднина“ 

И додека канцеларот во Дрезден зборуваше за иднината на економијата, министерот за транспорт на ФДП, Фолкер Висинг, во вторникот ја искористи обиколката на градилиштето за реконструкција на железницата Ридбан, важен дел од меѓуградската транспортна мрежа, за да разговара за иднината на железницата. Тој ја опишува пругата, која стана симбол на се што не работи во Германија, како „олдтајмер“ наследен од претходните влади.

Висинг го коментираше и прашањето за „преодната влада“: „ФДП не сака да владее привремено,туку и во иднина Останува отворено дали ќе биде со семафорска коалиција (СДП, Зелени, ФДП). А, што се однесува до изјавата на Нурипур, Висинг вели дека не може да ја разбере. Тој очигледно има поинакво мислење, вели министерот за транспорт. 

Хабек сака да стане канцелар 

Се огласи и третиот партнер во коалицијата - Зелените. Министерот за економија Роберт Хабек, кој најверојатно ќе биде кандидат на Зелените за канцелар на следните сојузни избори, во вторникот организираше разговор со граѓаните во своето Министерство. Сака да слуша, да влезе во дијалог, да биде достапен, да го отвори Министерството за економија за граѓаните. Очигледно сака да си го подобри имиџот, а очите веќе му се насочени кон кабинетот на канцеларот.

Иако неговите шанси во моментов не се големи, Хабек веќе испрати порака: „Ако некогаш станам канцелар, Кристијан Линднер нема да биде министер за финансии“. Неговото разочарување во владејачката коалиција стана очигледно по минималниот компромис постигнат во преговорите за буџетот. Тешко е да се замисли дека достанцата кон сопствената коалиција може да биде поголема од онаа на Хабек. 

А, дали оваа влада е преодна или не? Во секој случај, станува јасно дека секој сега работи за себе.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми