1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски медиуми: Вучиќ и „Сараевското сафари“

Обработка: Драгослав Дедовиќ
22 ноември 2025

Медиумите на германски јазик ја пренесуваат информацијата дека српскиот претседател Вучиќ наводно бил поврзан со снајперскиот лов на луѓе во Сараево во 1990-тите, но и неговиот демант за каква било вмешаност.

Жител на Сараево со својот мал син бега на безбедно место од снајперистите во 1994 година
И германските медиуми се занимаваат со информациите за снајперисти-туристи во Сараево во 1990-титеФотографија: picture alliance/dpa

За обвинувањата декаАлександар Вучиќбил поврзан со снајперскиотлов на цивили во Сараево пишуваа и весниците со милионски тираж, како што е германскиот булеварски весник Билд: „Хрватскиот истражувачки новинар Домагој Маргетиќ (51) поднесе кривична пријава до Обвинителството во Милано против српскиот претседател Александар Вучиќ (55, на функцијата од 2017 година). Ова беше објавено во четвртокот истовремено од бројни италијански медиуми. Новинарот го обвинува претседателот Вучиќ за учество во таканареченото Сараевско сафари“.
Германскиот Билд го цитира миланскиот весник Тудеј како свој извор и вели дека е „еден од најголемите информативни портали во земјата“. Текстот понатаму објаснува дека обвинителството во Милано веќе една недела спроведува истрага во врска со наводното учество на богати Италијанци, Западноевропејци и Американци во стрелањето на цивили за време на опсадата на Сараево, и дека учеството чинело помеѓу 80.000 и 100.000 долари.

Вучиќ негира

Истата информација ја објави и порталот на неделникот Фокус: „Вучиќ решително ги отфрла обвинувањата и тврди дека ова е политички мотивирана кампања против него. Неодамна објавеното видео предизвика дополнителна дискусија. Наводно, на него се гледа младиот Вучиќ во теренско возило, на чиј багажник има човечки череп со син шлем на Обединетите нации. Критичарите во него гледаат дополнителен показател за можна вмешаност на Вучиќ во воени злосторства. Српски извор го оспорува ова, наведувајќи дека возилото не му припаѓало на Вучиќ и дека такви возила се наоѓале „насекаде во воената зона“. 
Фокус ги наведува причините за истрагата на обвинителството во Милано - можното учество на богати „западњаци“ во платен снајперски лов на цивили во градот под опсада - но, исто така, предупредува: „Експертите предупредуваат да не се брза со заклучоци. Д-р Хелена Иванов од Здружението Хенри Џексон објаснува дека бројни приказни од војната воБосна и Херцеговинаподоцна биле побиени како лажни вести. Таа бара темелна истрага врз основа на обвинувањата.“

Српскиот претседател Вучиќ говори за лажни обвинувања и политички мотивирана кампања против негоФотографија: Jelena Djukic Pejic/DW

„Новинар и преведувач“

Берлинскиот дневен весник Берлинер Моргенпост го поставува прашањето: „Дали луѓето во 1990-тите плаќале да се пука во луѓе во војната во Босна? Обвинувањата за„снајперски туризам“за време на опсадата на Сараево во 1992 година се сериозни: Смртоносните напади наводно биле маскирани како ловни тури.“
Веднаш потоа, весникот наведува: „Сега, во овој контекст, се појавува едно добро познато име. Како што објави италијанската новинска агенција Анса, меѓу другото, истражувачки новинар поднесе кривична пријава против претседателот на Србија, Александар Вучиќ.“
Во текстот се споменува присуството на Александар Вучиќ на еврејските гробишта над Сараево за време на војната и дека тој таму пристигнал како волонтер на Српската радикална партија.
Потоа се цитираат и негирањата на Вучиќ за сите обвинувања, бидејќи, како што велат неговите луѓе задолжени за медиумите, тој работел како новинар и преведувач: „Претседателот Вучиќ не учествувал во борбите и не користел оружје“.
Информациите за покренување на истрагата во Милано и поврзаноста на Александар Вучиќ со „снајперското сафари“ беа пренесени како текст, видео или вести од бројни други медиуми од Германија, Австрија и Швајцарија. Некои од нив изразија резерви во врска со оваа приказна. Но, сите се потсетија и на фактот дека за време на опсадата на Сараево беа убиени речиси 11.000 луѓе, меѓу кои и многу деца.
 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми