1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ездемир: Без рок на трајност за медот, оризот и чајот

БГ/ ДПА
24 октомври 2023

Германскиот министер за земјоделство Чем Ездемир повикува на укинување на рокот на употреба на одредени прехранбени производи како чајот, оризот или медот. Целта е да се фрла помалку храна.

Германија Чем Ездемир
Германскиот министер за земјоделство Чем Ездемир.Фотографија: Nadja Wohlleben/REUTERS

Долготрајните прехранбени производи како чајот, оризот или медот повеќе не треба да имаат рок на трајност, смета германскиот министер за земјоделство Чем Ездемир. Тоа треба да придонесе, за помалку да се фрла храна, изјави политичарот на Партијата на Зелените во понеделникот, пред состанокот со своите колеги од ЕУ во Луксембург.
„Потребна ни е обврзувачка листа на исклучоци за одредени трајни производи“, рече Ездемир. 

Според министерот, „целосно е бесмислено“ за долготрајни производи како чајот, оризот или медот да постои рок на трајност.

Ездемир смета дека за решението на овој проблем одговорна е Европската комисија која треба да предложи регулатива на ниво на Европската унија.

Според статистиката на ЕУ, во Унијата годишно се фрла околу 59 милиони тони храна, или околу 130 килограми по човек. 

Како да се спречи фрлањето на храна?

01:42

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми