1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски војници ќе го бранат Гренланд од САД?

БГ /АФП
13 јануари 2026

Претседателот на Сојузот на резервисти на германската армија предлага стационирање германски војници на Гренланд за да се спречи американско преземање и да се зајакне европското присуство.

Претседателот на Сојузот на резервисти на Бундесверот, Патрик Зензбург. ноември 2019
Претседателот на Сојузот на резервисти на Бундесверот, Патрик Зензбург, предлага стационирање германски војници на островот.Фотографија: Vincent Mosch

За да се спречи можен обид на САД да го преземат Гренланд, претседателот на Сојузот на резервисти на германската армија- Бундесверот, Патрик Зензбург, предлага стационирање германски војници на островот.

„Мораме да тргнеме од претпоставката дека американскиот претседател Доналд Трамп е сериозен во врска со Гренланд. Европа затоа мора многу посилно да покаже присуство таму“, изјави Зензбург за весникот „Билд“ во вторникот.

„Во краток рок треба да преместиме две европски бригади под водство на Данска.“

Зензбург нагласи дека Германија ќе има „особена обврска“ во оваа операција. Според него, преместувањето на бригадите носи и предности:

„Бундесверот би можел да обучува и тренира војници и на Гренланд. Тоа ќе ја зацврсти европската кохезија.“

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на викендот повторно го потврди интересот на САД за Гренланд.

„Ќе го добиеме Гренланд, на еден или на друг начин“, изјави Трамп.

„Ако ние не го земеме, тоа ќе го направат Русија или Кина, а јас тоа нема да го дозволам“, додаде тој. 

Кој го поседува Гренланд?

00:57

This browser does not support the video element.

Важноста на Гренланд

Гренланд е дел од Кралството Данска, но има широка автономија. Данска, исто како и САД, е членка на НАТО.

Изјавите на Трамп предизвикаа немир и негодување кај европските партнери на САД. Истовремено, многу европски земји ги препознаваат заедничките безбедносни интереси во Арктикот, кој станува стратешки регион поради климатските промени и топењето на мразот.

Ова отвора нови пловни рути и пристап до значајни природни ресурси, како нафта, гас и ретки минерали, што го зголемува геополитичкиот интерес на големите сили. За Европа, присуството во Арктикот не е само прашање на економски можности, туку и на безбедност, бидејќи регионот станува потенцијална точка на конфликти меѓу НАТО и ривалските сили како Русија и Кина. Затоа, европските држави гледаат на заеднички ангажман како начин да ја зајакнат стабилноста и да спречат еднострано влијание од трети страни.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми