1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГерманија

Германскиот претседател во посета на Украина

СН/агенции
25 октомври 2022

По дипломатскиот скандал во пролетта и по безбедносните предупредувања во минатата недела, шефот на германската држава во третиот обид допатува во Киев. Ова е прва посета на Штајнмајер на Украина од почетокот на војната.

Германскиот претседател Штајнмајер допатува во Киев со ноќен воз
Германскиот претседател Штајнмајер допатува во Киев со ноќен возФотографија: Michael Kappeler/dpa/picture alliance

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер пристигна во посета на Украина. Тој со воз допатува во главниот град Киев, каде е планирана средба со неговиот украински колега Володимир Зеленски. На другите станиците на посетата, Штајнмајер, меѓу другото, сака да стекне увид во уништувањето предизвикано од руските напади.

„Мојата порака до Украинците е: Ние не само што сме на ваша страна, туки и натаму ќе ја поддржуваме Украина – економски, политички и воено“, рече сојузниот претседател. Неговата порака до Германците гласи: „Да не заборавиме што значи оваа војна за луѓето овде (...), колку страдања, колку разурнувања има“ , Штајнмаер рече дека гледа „со восхит“ кон жителите на земјата и нивната храброст, кон „непокорливоста што ја покажуваат - не само на фронтот, туку и во градовите што се гранатирани, а исто така и во руралните области“.

„Германија стои на страната на Украина и ќе продолжи да ја поддржува економски, политички и воено“, порача германскиот претседателФотографија: Dimitar Dilkoff/AFP/Getty Images

Одбивање при првиот обид

Ова  прва посета на шефот на германската држава на Украина од почетокот на војната во февруари годинава. Патувањето првично беше планирано за минатата недела, но мораше да биде откажано безбедносни причини. Штајнмајер всушност сакаше да отпатува во Киев во средината на април - заедно со претседателите на Полска, Латвија, Литванија и Естонија. Иницијативата за ова дојде од полскиот претседател Анджеј Дуда. Непосредно пред почетокот дојде официјален Киев одби да го прими германскиот претседател.

Ова одбивање на посетата на Штајнмајер од страна на Киев во Берлин се сметаше за дипломатски скандал без преседан. Ситуацијата  повторно се смири дури по телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели на почетокот на мај. Според Канцеларијата на сојузниот претседател, Штајнмајер и Зеленски сега сакаат да упатат заеднички апел до германските градови и општини да склучат нови партнерства со украинските општини на краток рок, со цел да им помогнат на луѓето таму. Многу Украинци во зимата што доаѓа ќе трпат последици од уништената енергетска инфраструктура како последица на руските напади .

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми