1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија го замени Адидас за Најки

Анѓелко Шубиќ
22 март 2024

Германската фудбалска репрезентација седум децении редовно игра во дресовите на Адидас. Затоа е вистинска револуција што ДФБ одлучи од 2027 година главен спонзор да биде американскиот Најк.

Дресови на германскиот тим
Дресовите на германскиот тим за ЕП, сепак од Адидас: розовата боја за гостувањата баш и не ги возбуди сите германски навивачиФотографија: Daniel Karmann/dpa/picture alliance

Уште на фотографијата од решавачкиот гол на Хелмут Ран во 84. минута од финалето против Унгарија во Швајцарија во 1954 година, кога Германија стана светски првак, може да се забележи незаменлив детал: дресовите на германскиот тим тогаш беа сè уште едноставни, без непотребни детали кои денеска можеме да ги забележиме, па дури и голем амблем на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) на левата страна од градите. Но, копачките на Ран и на сите други имаат по три ленти, заштитен знак на производителот на спортска опрема Адидас од Херцогенаурах во близина на Нирнберг. 

За Германците тоа е сè уште историски натпревар: финалето против Унгарија во 1954 година. Дресовите се сè уште пристојни, но копачките се со трите ленти на Адидас.Фотографија: picture-alliance/Pressefoto Baumann/augenklick

Дресовите на најдобрите германски фудбалери се сменија, но трите ленти на Адидас секогаш можеа се појасно да се видат - не само на копачките, туку набрзо и насекаде на дресот. Секако, тогаш сите љубители на спортот едноставно мораа да имаат опрема од овој германски производител. Од 47-те вработени во „Adi Dassler adidas Sportschuhfabrik“, колку што имало во 1949 година, денес тоа е меѓународен концерн со речиси 60 илјади соработници. Има и безброј копии: има производители со четири ленти, има и две, но „вистинските“ Адидас се само оние со три. 

СП 1974 година - и повторно три ленти на копачките на ГерманцитеФотографија: Hulton Archive

Истиот дрес како најдобриот 

И пред Втората светска војна, браќата Даслер рачно правеа патики за врвните спортисти од тоа време, но тие денови одамна ги нема. Речиси и нема разлика во материјалите и перформансите на денешната спортска опрема, но се покажа како врвна реклама. Многу навивачи упорно ги купуваат најновите модели и покрај апсурдно високата цена, но профитот е уште поголем во продажбата на „лајфстајл“ што се поврзува со овој или оној производител.

Бразил 2014 - и што е на нозе на германскиот тим?Фотографија: Rauchensteiner/Augenklick/picture alliance

Затоа одлуката на Германскиот фудбалски сојуз дека Адидас ќе биде главен спонзор на германскиот тим само до крајот на 2026 година беше вистински шок дури и за германскиот министер за економија Хабек. „Тешко дека можам да го замислам дресот на германскиот тим без трите ленти. Адидас и германската тробојка црно-црвено-златно секогаш ми припаѓаат заедно. Тоа е дел од германскиот идентитет. Овде би можел да посакам малку повеќе локал патриотизам“, рече министерот. 

Најк се шири 

Дотолку повеќе што американскиот производител на спортска опрема е само еден вид новодојденец во светот на фудбалот. Но, Најки сфати каков деловен потенцијал тоа носи: од 1994 година ја опремува бразилската фудбалска репрезентација, од 2000 година е официјален спонзор на Хрватскиот фудбалски сојуз, Франција, исто така, ги замени трите ленти со „Најк“ во 2011 година, и во 2013 година Англија од опремата Умбро исто така премина на американскиот производител. Италија минатата година ја прекина соработката со Пума и премина на Адидас.

Дуелот меѓу Адидас и Најк станува се пожесток - дури и ако едвај има разлика во квалитетот во самата облека и обувкиФотографија: Markus Ulmer/ Pressefoto ULMER/picture alliance

Германскиот спортски новинар Маркус Блумберг тврди дека германските фудбалери не треба да се врзуваат за Адидас , особено затоа што Најки му дал на Германскиот фудбалски сојуз „универзално подобра“ понуда за квалитетна спортска опрема. Дали има некаква разлика во квалитетот - тоа го оставаме на сопствена проценка, но секако се работи за сериозни пари. Како што пренесува Handelsblatt, понудата на Адидас до ДФБ била 50 милиони евра годишно, Најк понудил 100 милиони. Сепак, ДФБ објави дека ова спонзорство првично е ограничено на седум години - а потоа ќе видиме.  

И Адидас е светски шампион

02:18

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми