1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Страв од евтина работна сила од Западен Балкан

Зоран Арбутина
11 февруари 2023

Германската влада планира удвојување на бројот на луѓе од Западниот Балкан кои ќе можат да добијат работна виза без оглед на квалификациите. Синдикатите стравуваат од наплив на евтина работна сила.

Многу работници од Западен Балкан работат во градежништвото во Германија
Многу работници од Западен Балкан работат во градежништвото во ГерманијаФотографија: Sebastian Gollnow/dpa/picture alliance

Притисната со сега веќе хроничен недостаток на работна сила во земјата, германската влада планира либерализација на законодавството за трудова миграција, а дел од тој пакет е и таканареченото „Западнобалканско правило“. Во овој дел се предвидени две важни промени: од една страна би требало да се укине ограниченото важење на оваа мерка до крајот на 2023 – во иднина ова треба да стане трајно правило. Од друга страна се предвидува удвојувањето на квотата за работници од Западниот Балкан од сегашните 25.000 на 50.000.

„Западнобалканското правило“е воведено по големата бегалска криза во 2015 и 2016 година. Целта беше со еден потег да се решат два проблема: да се спречи неконтролирано доаѓање на баратели на азил и истовремено да се ублажи недостатокот на работна сила. 

Во тие години во Германија стасаа повеќе од еден милион бегалци, пред се од Сирија, но и голем број луѓе од Западниот Балкан - Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Додека на сириските воени бегалци во принцип брзо им се одобруваше барањето за азил, економските мигранти од Балканот имаа мали шанси да добијат азил – само околу 5% добија ваков статус. 

Задоволни работодавачи 

Со воведувањето на Западнобалканското правило се овозможи регулирано и олеснето доселување на неквалификувана или средноквалификувана работна сила од овие земји. Тие со високо образование ионака можеа да дојдат во земјата во рамки на други програми. Еден од условите за тоа е барањето за работна дозвола да се поднесе во германските амбасади во тие земји, а вториот е претходно да немаат поднесено барање за азил. Претставниците на работодавачите - очекувано - ги поздравуваат овие планирани промени. На крајот на краиштата, тие вршат постојан притисок врз владата со цел да се либерализираат условите за имиграција на работната сила што им недостасува. 

Страв од дампинг услови 

Сојузот на германски синдикати (ДГБ) пак е повнимателен. Иако и тиеја поздравуваат трудовата имиграција, вели Евелин Радер, член на одборот на директори на ДГБ, таа нагласува дека рамковните услови за работниците од земјите од Западен Балкан се многу важни.

„Луѓето кои доаѓаат во голема мера зависат од работодавецот за кој работат. Работната дозвола им е врзана со нивната работа. Ова предизвикува страв кај нив дека може да бидат вратени назад доколку не се послушни“, вели Радер. Покрај тоа, тие често не зборуваат германски и не се информирани за нивните права. Во пракса, сето тоа води до тоа овие работници да се согласат на услови за работа кои се полоши од пропишаните со закон - а со тоа и до дампинг на условите на пазарот на трудот, истакнува Радер. 

Германија има голем недостиг од работници во областа на медицинската и нега на стари лицаФотографија: picture-alliance/dpa/T. Weller

Не „експерти“, туку „работници

Според податоците на Институтот за истражување на пазарот на труд (ИАБ) до крај на 2020 година Сојузната агенција за работа (БА) на работниците од Западен Балкан им издала 260.000 начелни одобренија и 98.000 работни визи. Три четвртини од работниците од овие земји работат на градилишта, во гастрономијата и во делот на нега на стари и болни лица. Само во градежништвото се 44%. Во голем дел овде се работи за помошнички работи со релативно ниски плати.

Иако реформата на трудовото законодавствово врска со странски работници, владата ја објаснува со потребата за справување со недостатокот на работна сила во земјата, Западнобалканското правило отстапува од тоа – според правилата за добивање работна дозвола не е потребна никаква квалификација. Според оценката на ДГБ, тука воопшто не станува збор за привлекување на „експерти“ туку за носење работници за извршување едноставни работи. „Тоа е програма за носење работници по мерка на работодавачите. Тие може да ги земат кога ќе им затребаат, но и лесно да ги отпуштат кога ќе им одговара,“ вели Радер.

Пример на градилиштата

Ова е особено изразено во градежната индустрија. Здруженијата на германските градежници минатата година го откажаа продолжувањето на тарифниот договор што важеше со децении. На работниците сега може да им се плаќа законски загарантирана минимална стапка од 12 евра на час, што е помалку од претходните саатници кои на градилиштата се движеа меѓу 13 и речиси 16 евра во просек.

Германските болници полни со медицински сестри од Балканот

02:45

This browser does not support the video element.

На овој начин работодавачите може да вршат притисок на секој кој бара поголема плата со одговорот дека секогаш има работници кои ќе работат за помалку пари. Истовремено тие не мора да стравуваат дека ќе добијат тужба за тоа: работниците од Западниот Балкан се особено ранлива група, тие не се свесни за своите права, а за многумина дури и овие полоши работни услови се прифатливи поради ситуацијата во нивната татковина. Покрај тоа, практично нема ефективни државни контроли.

Заштита на работниците и тарифна автономија

 „Се плашиме дека на тој начин се создава притисок врз условите за работа на сите вработени во градежната индустрија. Тоа го отежнува склучувањето квалитетни тарифни договори, а без нив тоа е едноставно дампинг програма за намалување на платите“, предупредува Евелин Радер од ДГБ.

Сојузот на германски синдикати решението го гледа во дополнителни измени на Западнобалканското правило, за кое владата треба да расправа на седница на 1 март. Една од најважните работи се однесува на олеснување на можноста за промена на работодавачот без да мора повторно да аплицирате за работна дозвола - како што е случајот со другите странски работници. Според сегашната регулатива, барањето за работна виза мора да се направи во земјата на потекло на работникот и се доделува виза само за одредено работно место. Ако сакате да го промените, тоа е можно, но треба повторно да аплицирате во Сојузната агенција за труд. За огромното мнозинство работници, тоа е комплицирано или тие дури и не знаат за оваа можност, а исходот е исто така неизвесен.

Освен тоа синдикатите бараат и вработување врз база на Западнобалканското правило да се овозможи само онаму каде што има тарифни договори. На тој начин од една страна ќе се заштитат и самите работници, а од друга и тарифната автономија на синдикатите.

Евелин Радер од ДГБ има јасна порака и за ониево земјите од Западен Балканкои бараат работа во Германија: „Информирајте се за своите права, а ако треба побарајте помош. Не морате да прифатите се што ви се нуди. Овде работниците имаат загарантирани права, “ нагласува таа.  

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми