1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија нема да дозволи „сиви зони“ во Европа

БГ
13 мај 2024

Германија нема да дозволи „сиви зони“ во Европа, велат од германското МНР откако новата македонска претседателка Гордана Сиљановска одби да го користи уставното име на земјата.

Германија МНР
Германија нема да дозволи „сиви зони“ во Европа, велат од германското МНР.Фотографија: Daniel Kalker/picture alliance

Северна Македонија има обврска да го почитува Преспанскиот договор, порачуваат од германското Министерство за надворешни работи, откако во неделата, новоизбраната претседателка на земјата Гордана Сиљановска-Давкова одби да го изговори уставното име на државата со придавката „Северна“.

Владата во Берлин сака да ја продолжи соработката со новата влада во Скопје, и смета дека е важно земјата да го продолжи патот кон ЕУ и да ги спроведе неопходните реформи на тој пат.

„Северна Македонија може да се потпре на Германија на тој пат“, изјави во понеделникот, портпаролот на германското МНР, Кристијан Вагнер. Но, што се однесува до користењето на името, Берлин бара да се почитуваа меѓународните договори. 

„Што се однесува до користењето на името, постои меѓународен договор, Преспанскиот договор со Грција, на кој Северна Македонија е обврзана“, рече Вагнер.   

Поддршка за Западен Балкан  

На новинарско прашање, што ќе се случи доколку и новата влада во Скопје не го почитува Преспанскиот договор, Вагнер одби да шпекулира, но рече дека неговата влада останува на ставот дека Западниот Балкан припаѓа кон ЕУ. 

Бројни реакции по инаугурацијата на Гордана Сиљановска-Давкова Фотографија: Petr Stojanovski/DW

„Германската влада е многу активна во тој дел и нема да дозволиме сиви зони во Европа. Кога би дозволиле такви сиви зони, тие би биле искористени од други земји. И затоа остануваме на нашата политика кон Западен Балкан“, рече Вагнер, додавајќи дека треба да се почека затоа што новата влада во Скопје се уште се договара.

Гордана Сиљановска-Давкова предизвика бројни реакции во Европа, откако на инаугурацијата како нова претседателка на државата во Собранието во неделата инсистираше да ја нарекува земјата „Македонија“. Со реакции се јавија и првите луѓе на Европската Комисија, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен кои ја потсетија на обврските од Преспанскиот договор.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми