Пораз за познатата внатрепартиска противничка на Трамп
СН/агенции
17 август 2022
Републиканската конгресменка Лиз Чејни загуби на внатрепартиските избори за кандидатурата за пратеничко место во Претставничкиот дом на САД од противкандидатката, поддржана од поранешниот претседател Доналд Трамп.
Реклама
Најистакнатата внатрепартиска критичарка на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Лиз Чејни, повеќе нема да биде пратеничка во Претставничкиот дом на Конгресот на САД. Републиканката ги загуби внатрепартиските избори за конгресменската кандидатура во нејзината родна држава Вајоминг од противкандидатката Хариет Хејгеман. Таа сега ќе биде кандидатка на Републиканската партија во изборниот округ во Вајоминг на делумните избори за Конгресот во ноември.
Хејгеман во внатрепартиската изборна битка со Чејни имаше поддршка од поранешниот претседател Доналд Трамп.
56-годишната Лиз Чејни е една од само двата члена од својата партија кои учествуваа во работата на комитетот во Конгресот кој ги истражуваше обидите на Трамп да остане на власт откако загуби на изборите.
Како течеше упадот на поддржувачите на Трамп во Капитол
Доналд Трамп, сѐуште актуелен претседател, долго ги подбуцнуваше своите најверни симпатизери. Последица: некои од нив на 6.01.2021 упаднаа во срцето на американската демократија.
Фотографија: Leah Millis/REUTERS
Создавање набој
Бројот на фанатични поддржувачи на Трмап пред Конгресот во САД растеше преку цел ден. Во почетокот, полицијата успеваше да одржува ред.
Фотографија: Olivier Douliery/AFP/Getty Images
Први судири
Паралелно со заедничката седница на двата дома на Конгресот, Сенатот и Претставничкиот дом, на која требаше официјално да биде потврдена победата на Џо Бајден на претседателските избори, пред Капитол се собираа приврзеници на поразениот претседател Доналд Трамп. Дојде до први судири со полицајците кои требаше да го обезбедуваат Конгресот.
Фотографија: Stephanie Keith/REUTERS
Преслаб кордон
Сѐ поразјарената толпа сакаше да продре во Капитол. Полицајците се обидуваа да ги спречат. На некои агресивни поддржувачи на Трамп им успеа да влезат во зградата.
Фотографија: Win McNamee/Getty Images
Упад во Капитол
Дел од демонстрантрантите успеаја да продрат длабоко во зградата, дури до вратите на Сенатот.
Фотографија: Win McNamee/Getty Images
Одбрана на последниот бастион
Обезбедувањето се обидуваше да ги држи во „шах“ насилниците во влезната хала. Политичарите во Сенатот низ задна врата беа изведени на безбедно место.
Фотографија: Manuel Balce Ceneta/AP Photo/picture alliance
Еден се проби
Во меѓувреме, еден од приврзениците на Трамп успешно се проби покрај полицајците и упадна во Сенатот. Од трибината за посетители тој скокна во пленарната сала.
Фотографија: Win McNamee/Getty Images
Со пиштоли спремни за пукање
Истите слики се повторуваа во другите крила на Капитол. И Претставничкиот дом беше цел на натрапниците. Припадниците на обезбедувањето на Конгресот ги запираа - со вперени пиштоли.
Фотографија: J. Scott Applewhite/AP Photo/picture alliance
Непријателско преземање?
Симпатизерите на Трамп навлегуваа сѐ подлабоко во зградата, сѐ до ходниците со канцелариите на Конгресот. Таму некои се распослаа на работните маси на пратениците.
Фотографија: Saul Loeb/AFP/Getty Images
Надвор од контрола
Еден од натрапниците го „присвои“ и пултот за говор на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и со него се шеташе низ Капитол. Никој не го запре.
Фотографија: Win McNamee/Getty Images
Во засолниште
Пленарните сали беа евакуирани. Некои побараа засолниште во галеријата на Претставничкиот дом. Репортерите сведочеа дека биле поделени гас-маски, како заштита од солзавец.
Фотографија: Andrew Harnik/AP Photo/picture alliance
Солзавец врз Конгресот
На силите на безбедноста не им остана ништо друго освен да ја растурат разулавената толпа, употребувајќи солзавец.
Фотографија: Andrew Caballero-Reynolds/AFP/Getty Images
Засилувањето го оконча хаосот во Капитол
Полициските сили добија засилување, Националната гарда поита во помош, а градоначалничката на Вашингтон воведе полициски час до раните утрински часови. Така во Вашингтон ноќта полека се врати мирот.
Досега, четворица од нив се повлекоа, четворица загубија на внатрепартиски избори од кандидати кои ги поддржа Трамп, а само двајца успејаа да победат на внатрепартиските избори и така да останат кандидати за реизбор во Конгресот.
Ќерката на поранешниот потпретседател на САД, Дик Чејни беше последна од десетте републиканци кои беа цел на одмаздата на Трамп.