1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

„Готвачот на Путин“ призна дека се меша во изборите во САД

СН/агенции
8 ноември 2022

Дали Кремљ се обидел да манипулира со изборите во западните земји во своја полза? Дали ова се уште се случува? Да, се разбира, сосема отворено, вели блискиот соработник на Путин - и тоа во деликатен момент.

Шефот на Вагнер, Евгениј Викторович Пригожин на архивска фотографија од 2016 година
Шефот на Вагнер, Евгениј Викторович Пригожин на архивска фотографија од 2016 годинаФотографија: Mikhail Metzel/TASS/IMAGO

Рускиот бизнисмен и шеф на паравоената групација Вагнер, Евгениј Пригожин, рече дека се мешал во изборите во САД и оти тоа ќе го прави и во иднина, што е прво признавање од ваков вид. Тоа беше одговор на прашањето да ги коментира претстојните делумни избори за Конгресот во САД, на еден новинар од руски сајт.

„Ние се мешавме (во изборите во САД), ние се мешаме и ќе продолжиме да се мешаме. Внимателно, прецизно, хируршки и на начин на кој ние тоа го знаеме“, порача Пригожин во одговорот кој го подготви прес-службата на неговата компанија „Конкорд“.

Со таквиот отворен настап и признанието тој изненади многумина, досега обвинувањата за тоа беа отфрлани и негирани.

Ова го пренесоа медиумите, а тоа го изјави непосредно пред делумните избори за Претставничкиот дом и за Сенатот кои се одржуваат денеска ( 08.11.2022) во САД.

На денешните (08.11.2022) избори во САД се одлучува која партија ќе ја има контролата во Конгресот.Фотографија: CHENEY ORR/REUTERS

„За време на нашите прецизни операции, ќе ги остстраниме двата бубрега и црниот дроб одеднаш“, рече Пригожин. Тој не го објасни овој таинствен коментар, ниту одговори што со тоа сака да каже.

Вашинготн не е изненаден

Пригожин, кого го нарекуваат и „готвач на Путин“, бидејќи неговата кетеринг компанија работи со договори со Кремљ, службено е обвинет за спонзорирање на „фарма на тролови“ со седиште во Русија кои сакаат да влијаат на американската политика.

Портпаролоката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, изјави дека Белата куќа не е изненадена од изјавата на рускиот бизнисмен Пригожин, кој рече дека се мешал и ќе продолжи да се меша во изборите во САД.

„Овие коментари... не ни кажуваат ништо ново или изненадувачки“, изјави Жан-Пјер за новинарите.

Таа нагласи оти е добро познато и добро документирано дека субјектите поврзани со Пригожин настојувале да влијаат врз изборите ширум светот, вклучувајќи ги и САД.

Во јули американскиот Стејт Департмент понуди награда до 10 милиони долари за информации за Пригожин во врска со „ангажманот во американското мешање во изборите“. Тој е под санкции во САД, Велика Британија и во ЕУ.

Пригожин до неодамна не се појавуваше во јавноста, но стана поотворен за време на војната во Украина, што вклучуваше критики за ефикасноста на руските генерали, почнувајќи од Шојгу. Во септември тој јавно призна дека ја основал платеничката група Вагнер која е активна во Сирија, Афирка и во Украина.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми