1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоГрција

Грција дозволи истополови бракови

ЕМФ | агенции
16 февруари 2024

Грчкиот парламент со големо мнозинство гласови се изјасни „за“ бракови на истополови двојки.

Грција Поддржувачи на ЛГБТК заедницата пред грчкиот парламент додека тој расправаше за законот за истополови бракови
Со новиот закон, хомосексуалните брачни двојки добиваат исти права и обврски како и хетеросексуалните (фото: поддржувачи на ЛГБТК заедницата пред грчкиот парламент додека тој расправаше за законот)Фотографија: Aris Messinis/AFP/Getty Images

Грчките парламентарци со 176 гласа „за“ (од вкупно 300 места во парламентот) го донесоа законот со кој се дозволуваат истополови бракови во земјата. Законот доби натпартиска поддршка, односно за него гласаа и пратеници од левицата и конзервативци. Двајца пратеници беа воздржани, а 46 пратеници не присуствуваа на седницата, соопшти претседателството на грчкиот парламент.

Грчкиот парламент со големо мнозинство гласови го донесе законот за истополови браковиФотографија: Michael Varaklas/AP/picture alliance

Законот е изгласан по жестока дискусија. Пратеници од помалите ултраконзервативни партии, но и некои парламентарци од владеачките конзервативци, сметаат дека со законот се игнорира традицијата во грчкото општество и поуките на православната црква. Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис од своја страна, пак, рече: „Во Грција никој не смее да се чувствува како граѓанин од втора класа. Денес е ден за радост.“

Мицотакис: Денес е ден за радостФотографија: Louisa Gouliamaki/REUTERS

Со новиот закон, хомосексуалните брачни двојки добиваат исти права и обврски како и хетеросексуалните. Тие може да посвојуваат деца. Двата партнера/партнерки добиваат старателско право, иако детето биолошки потекнува од само еден од партнерите. Сепак, на хомосексуалните двојки и натаму им е забрането добивање деца со помош на сурогат мајки.

Големи критики на законот упати грчката православна црква. Дел од црковните лица на пратениците од своите региони им се заканија „добро да размислат за што се изјаснуваат“. Православната црква во Грција е запишана во грчкиот Устав како доминантна религија и има силно влијание врз религиозно ориентираните изборни кругови. Со усвојувањето на законот, Грција станува првата мнозински православна христијанска земја која ќе дозволи граѓански брак меѓу лица од ист пол.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми