1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГрузија

Грузиската опозиција ќе продолжи со протести

ЕМФ | агенции
9 март 2023

Грузиската влада го повлече планираниот спорен закон за странски агенти, но опозицијата најавува дека ќе продолжи со протести.

Протести  Тбилиси Грузија
Протести во Тбилиси (8.03.2023)Фотографија: Mikhail Yegikov/TASS/dpa/picture alliance

Грузиската опозиција најави нови протести. „Денеска во секој случај ќе има демонстрации“, изјави претпладнево (9.03) опозицискиот политичар Цотне Коберидзе.

Претходно, владеачката партија во Грузија, Грузиски сон, објави дека го повлекува контроверзниот предлог за воведување регистар за т.н. „странски агенти“. Но, како што вели Кобернидзе, многу млади луѓе во земјата немаат доверба во владата. „Потребна ни е јасност за тоа како точно сакаат да го повлечат законот.“ Кобернидзе бара и ослободување на десетици демонстранти кои беа уапсени во текот на претходните денови.

Од страна на релативно проруската влада на Грузија беше планиран закон со кој медиумите и невладините организации кои делумно се финансираат од странство требаше да бидат означени како „странски агенти“.

„Ние сме Европа“ - плакати на протестите во Тбилиси, Грузија, 8.03.2023Фотографија: Vano Shlamov/AFP/Getty Images

Критичарите обвинуваат дека тој закон е направен по руски урнек и дека го трасира патот кон авторитаризам во Грузија. Тие сметаат дека со тоа се загрозува ЕУ-перспективата на некогашната советска република. Илјадници прозападни Грузијци поради тоа во знак на протест излегоа на улиците. Вчера дојде до судири помеѓу полицијата и демонстрантите.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми