1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ФудбалГерманија

Гундоган сака со Германија да стане европски првак

Томас Клајн
19 јуни 2024

Капитенот на германската репрезентација Илкај Гундоган токму за ЕП на домашен терен е во одлична форма. Сега се стреми да освои и прва титула со германскиот тим.

УЕФА ЕУРО 2024 | Илкај Гундоган
Капитенот на германската репрезентација Илкај Гундоган на првиот натпревар од ЕУРО 2024 против Шкотска играше одличноФотографија: Mika Volkmann/pressefoto/picture alliance

Тоа беше еден од оние моменти кои го прават Илкај Гундоган еден од најдобрите играчи од средниот ред на германската репрезентација. Во 19. минута од натпреварот со кој се отвори Европското првенство, офанзивниот играч ја прими топката и со перфектен пас му ја додаде на Каи Хаверц, кој одработи за голот на Мусијала за 2:0 против Шкотска. Нешто подоцна Гундоган „извади“ уште еден пенал, кој Хаверц го искористи. На крајот, капитенот и неговиот тим славеа одличен старт на Европското првенство на домашен терен.

„Првокласно достигнување, особено со притисокот кој отсекогаш му тежи однадвор“, беше комплиментот кој по крајот на натпреварот тимскиот колега Томас Милер го упати на адреса на Гундоган. „Ако ги погледнеме првите три гола, тој има удел во секој од нив - и кај првиот. Со истрчаното го отвора патот, само тоа на крај никој не го забележува“, посочува Милер.

Илкај Гундоган: „... би лажел“

Гундоган на првиот натпревар покажа силен ангажман, ја диктираше офанзивата на германскиот тим, даваше насоки и постојано создаваше опасни ситуации пред голот на Шкотланѓаните. Од неговите акции профитираа пред сѐ Мусијала, Флоријан Вирц и Хаверц.

„За мене, и сигурно и за Фло, е важно да сме покриени одзади и да бидеме слободни за да ги водиме нашите акции", рече Мусијала пред почетокот на првенството во врска со Гундоган. Околу 91 проценти од неговите додавања беа успешни и тој го изигра најдобриот натпревар во боите на Германија во последниве неколку месеци. „Секогаш е пријатно да одиграш добар натпревар како тим. Ако и ти самиот си придонел нешто за тоа со твоите акции, е уште поубаво“, рече плејмејкерот по мечот и додаде: Радосен сум што денес можев да бидам олеснувач за моите соиграчи. Сепак, сега важи начелото дека не смееме да покажеме ништо помалку од тоа.“

Поради делумно послабите настапи на 33-годишникот пред првенството, имаше делумно и остри критики на сметка на неговата личност и игра. „Генерално сум човек кој многу рефлектира и размислува и кој себеси се гледа критички“, призна капитенот во пресрет на ЕУРО2024. „Ако кажам дека тоа воопшто не ме тангира, би лажел“, додаде Гундоган.

Илкај Гундоган (д.) беше фаулиран пред резултатот 3:0 - пеналот во гол го претвори Каи ХаврцФотографија: Sergei Grits/AP Photo/picture alliance

„Подобрувачот“ сака повеќе

Гундоган се врати во топ форма во вистинскиот момент и во ваква кондиција може да биде многу значаен за тимот. И 36-годишниот селектор Јулијан Нагелсман, кој секогаш стоеше зад капитенот, по победата со олеснување забележ:. „Тој играше одлично, многу ангажирано и фокусирано и заслужи и самиот да даде гол.“

Нагелсман по преземањето на улогата на селектор во септември 2023 година најави дека Гундоган ќе остане капитен на репрезентацијата, и покрај критиката која уште тогаш се појави на сметка на офанзивниот играч. „Тоа бескрајно ми значи, тоа е огромна привилегија“, рече Гундоган и додаде: „Да се биде дел од овој тим и од оваа држава, да може да се претставува германскиот народ со гордост, е секако огромна чест“, рече тој. Плејмејкерот е првиот играч со миграциска позадина, кој како капитен ја води германската репрезентација на едно првенство.

„Сакаме да станеме европски прваци“

Натпреварот против Шкотска беше 78-от за него во репрезентацијата. На петтиот турнир на кој учествува, Гундоган сака конечно да биде успешен за Германија. На клупско ниво има постигнато речиси сѐ.

Илкај Гундоган- мотор на тимот

01:03

This browser does not support the video element.

Со Манчестер Сити го освои првенството, Купот и Лигата на шампиони под водство на Пеп Гвардиола. И по трансферот во Барселона тој стана важен играч во шпанската лига. На 14 јули во Берлин сака да застане на победничкото место. „Сакаме да станеме европски прваци“, вели Гиндоган и упатува една молба до фановите во Германија: „На ова првенство на домашен терен можеме да бидеме победници на толку многу нивоа - како добри домаќини, како космополитско општество. И да се надеваме и на теренот исто така. Ве молам помогнете ни заеднички да си го исполниме сонот", гласеше апелот од стратегот од средниот ред.

Овој текст првично е објавен на ДВ на германски јазик

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми