1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Хамас го нападна Израел: Прогласена воена состојба

СН/агенции
7 октомври 2023

Радикалната палестинска група Хамас со изненадувачка офанзива започна напад без преседан врз Израел. Се известува за 22 загинати и над 500 повредени Израелци. Во земјата е прогласена воена состојба.

Чад се крева по ракетен напад од појасот Газа врз населба во израелскиот град Ашкелон
Чад се крева по ракетен напад од појасот Газа врз населба во израелскиот град АшкелонФотографија: Amir Cohen/REUTERS

Палестинските екстремисти од Појасот Газа денеска влегоа во јужниот и во централниот дел на Израел и истрелаа илјадници ракети кон земјата, откако екстремистичкиот Хамас, кој владее со Појасот Газа, најави почеток на нова воена операција. Бројот на жртви во изнанедувачкиот напад постојано се зголемија. Израелските итни служби потврдија дека досега загинале најмалку 22 лица.

Припадници на израелските безбедносни сили пренесуваат повредено лице во ракетните напади на ХамасФотографија: Ahmad Gharabli/AFP/Getty Images

Министерството за здравство на Израел пак соопшти дека во нападот се повредени 545 Израелци.
Ова може да биде почеток на нов голем конфликт меѓу Израел и милитантната палестинска група Хамас. 
Лидерот на военото крило на Хамас, Мухамед Диеф, го најави почетокот на „Операцијата бура Ал Акса“.
„Што е доста, доста е“, рече тој во претходно снимената порака и ги повика Палестинците да се приклучат во борбата. Тој додаде дека над 5.000 ракети биле истрелани кон Израел.
Еден од лидерите на екстремистичката група Хамас, Салех Аури, кој живее во егзил, рече дека операцијата е одговор „на злосторствата на окупаторите“ и дека борците ја бранат џамијата Ал Акса во Ерусалим и илјадници палестински затвореници во Израел.

Борци на екстремистичкиот Хамас се движат кон преминот Ерез меѓу Израел и северниот дел на Појасот ГазаФотографија: Mohammed Abed/AFP/Getty Images

Припадници на Хамас во меѓувреме објавија видео на интернет во кое наводно се прикажани тројва Израелци кои биле земени како заложници за време на нападот и пренесени во Појасот газа. 

Во првата јавна изјава израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за денешниот напад на исламскиот екстремистички Хамас, изјави дека земјата е во војна.
„Граѓани на Израел, ние сме во војна. И ќе победиме“, рече Нетанјаху пет часа по почетокот на нападот на членовите на Хамас, кој владее со Газа.
Тој се закани дека „непријателот ќе ја плати цената“ како никогаш досега.

Израел прогласи воена состојба и веднаш реагираше со воздушни напади врз Појасот ГазаФотографија: Mohammed Salem/REUTERS


Израелската војска, исто така, потврди дека земјата е во војна, како што изјави воениот портпарол Даниел Хагари.
„ИДФ (Израелските одбранбени сили) прогласија воена состојба. Ние сме во состојба на војна“, соопшти Хагари во живо и повтори дека биле истрелани повеќе од 2.000 ракети, дека „терористите се уфрлиле“ и оти некои сѐ уште се во Израел. Покрај тоа, тој порача дека Хамас „ќе се соочи со последиците и одговорноста“.

Во меѓувреме, израелската војска објави снимка од воздушни напади врз цели на Хамас во Појасот Газа во рамките на акцијата „Железен меч“ итно покрената како одмазда за масовниот утрински напад врз Израел.

Израелски војници се собираат за покренување на операција против ХамасФотографија: Ohad Zwigenberg/AP/picture alliance

Досега борбени авиони истрелале повеќе од 16 тони муниција, пренесуваат израелските медиуми.

Неколку баталјони на редовната армија се распоредени на границата на Појасот Газа додека војниците се борат со припадниците на Хамас кои сѐ уште се на израелска територија.

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми