1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Хамас зборува за скорашен прекин на огнот со Израел

ЕМФ | агенции
21 ноември 2023

Според лидерот на Хамас, Исмаил Ханијa, на повидок е договор за прекин на огнот со Израел.

Израелски војници во Појасот Газа
Израелски војници во Појасот ГазаФотографија: Israel Defense Forces/Handout/REUTERS

Лидерот на милитантно исламистичкиот Хамас,Исмаил Ханијa, соопшти дека е „блиску“ договор за „прекин на огнот со Израел“. Со прекинот на огнот за поврзано и ослободување на заложниците.

Хамас „им ги достави своите одговори на браќата во Катар и на посредниците“, објасни шефот на Хамас на мрежата Телеграм, каде објави и дека е неизбежен договор за прекин на огнот со Израел. Информацијата сѐ уште не е потврдена од страна наИзраел.

Ахенцијата АФП јавува дека анонимни извори од Хамас и Исламски џихад потврдиле дека се согласиле со условите на договорот за прекин на огнот. Прелиминарниот договор предвидува петдневен прекин на огнот, кој вклучува прекин на борбите на теренот и ограничување на израелските воздушни напади врз јужниот дел на Појасот Газа. За возврат, треба да бидат ослободени меѓу 50 и 100 заложници кои ги држеше милитантно исламистичкиот Хамас, вклучително израелски граѓани и други националности, но не и припадници на армијата. Покрај тоа, 300 Палестинци, меѓу кои и жени и деца, би биле ослободени од израелските затвори.

Пред ваквите најави од страна на Хамас, Во Катар се одржа средба на Ханија со претседателката на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), Мирана Спољариќ и катарските власти. Целта на средбата била „постигнување напредок во врска со хуманитарните прашања поврзани со вооружениот конфликт во Израел и Газа“, соопшти МКЦК во Женева.

Катар игра клучна улога во посредувањето меѓу Израел и Хамас за ослободување на заложниците киднапирани од радикалната исламистичка палестинска организација во текот на нејзиниот терористички напад врз Израел на почетокот на октомври. Владата на Катар во неделата (19.11) соопшти дека остануваат да се надминат само „ситни“ пречки во преговорите. Во понеделникот и американскиот претседател Џо Бајден изјави дека верува оти договорот за ослободување на заложниците е на дофат.

Агонијата на семејствата на заробените Израелци продолжува

01:55

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми